Македонија

Во 7 часот започна гласањето за локалните избори, отворени сите 3.474 избирачки места

Право на глас имаат 1.832.415 граѓани, кои до 19 часот можат да го искористат своето право на глас

Oд Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека се отворени сите избирачки места.

Право на глас имаат 1 832 415 граѓани, кои до 19 часот можат да го искористат своето право на глас на вкупно 3 474 избирачки места низ земјата.

На овие избори, граѓаните избираат меѓу 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.

Вчера, еден ден пред изборите, своето право на глас го искористија затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни лица и лицата сместени во старските домови.

ДИК најави дека првата прес-конференција со согледувања за текот на гласањето и за излезноста ќе се одржи во 09:30 часот.

Првичните резултати од локалните избори, Државната изборна комисија има обврска да ги соопшти во рок од 12 часа по затворањето на гласачките места.

Најнови вести од: Македонија

Штип ги награди најдобрите ученици во општината

Општина Штип денеска на свечен начин ги промовираше првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Штип. По четврти пат се доделуваат прзинанија и парични награди за најдобрите ученици во една генерација. Градоначалникот на општина Штип,Иван Јорданов истакна дека со оваа манифестација се вреднуваат нивните постигнувања на државни и меѓународни натпреварувања

Д-р Рендевски: Органодарителството е висок морален и хуман чин

Проф. д-р Владимир Рендевски, неврохирург на Универзитетската клиника за неврохирургија, во видеообраќање, во рамките на националната кампања „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, упати апел до семејствата на потенцијалните донори да дадат согласност за органодарителство нагласувајќи дека станува збор за висок морален и хуман чин, кој спасува животи

Рудник Саса го одбележа Светскиот ден на животната средина со иницијатива за биодиверзитет и климатска акција

Рудник Саса и оваа година го одбележа 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина ( World Environment Day 2026 ), реализирајќи нова едукативна и еколошка иницијатива под мотото „Пријатели на биодиверзитетот – Чувари на природата и климата“ (#3BBuddies; #BeesBugsBirdsGuardians; #SasaForNature; #WorldEnvironmentDay), насочена кон подигнување на јавната свест за значењето на биолошката разновидност, зачувувањето на природата и потребата од климатска акција

To top