Свет

Граната експлодира во близина на автомобилот на потпретседателот на САД

За време на воена вежба по повод 250-годишнината од основањето на американскиот морнарички корпус обезбедувањето на потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, беше погодено од метални шрапнели

За време на воена вежба по повод 250-годишнината од основањето на американскиот морнарички корпус во базата „Камп Пендлтон“ во Калифорнија, дел од обезбедувањето на потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, беше погодено од метални шрапнели откако артилериска граната предвреме експлодира во воздухот над автопатот I-5, соопшти сообраќајната полиција на Калифорнија (CHP).

Инцидентот се случи за време на вежба со боева муниција, при што полицајците на CHP го стопираа сообраќајот од автопатотот од безбедносни причини, иако воените претставници тврдеа дека затворањето не било неопходно. Гранатата од 155 милиметри, испукана од бродови на американската морнарица кон копното, предвреме детонирала околу 13:46 часот, а делови од неа погодиле патролен автомобил и мотоцикл од обезбедувањето на Венс, кои биле паркирани во близина на влезот Лас Пулгас Роуд. Шрапнелите, големи околу 5 на 6 сантиметри, предизвикале мали вдлабнатини и гребнатини на возилата, но никој не бил повреден. По инцидентот, морнаричкиот корпус ги откажал останатите испалувања над автопатот и започнал истрага за да утврди ја причина за дефектот.

– Ова беше невообичаена и загрижувачка ситуација, изјави началникот на граничната дивизија на CHP, Тони Коронадо.

– Многу е невообичаено каква било обука со боево оружје или експлозив да се случи на активен автопат. Како маринец, имам огромно почитување кон нашите воени партнери, но моја најважна одговорност е да ја обезбедам сигурноста на луѓето од Калифорнија и полицајците кои ги штитат, додаде тој.

Вежбата, дел од амфибиската демонстрација на Црвената плажа со илјадници војници, ветерани и високи гости вклучително и министерот за одбрана Пит Хегсет, предизвика и поделби: гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом ја критикуваше како ризично „ванити шоу“ што загрозило животи и предизвикало неколкучасовни гужви на автопатот, додека портпаролот на Венс ја обвини за дезинформации и ја пофали неопходноста од вакви тренинзи за да се одржи американската воена супериорност. CHP препорача дополнителен преглед на комуникацијата и координацијата меѓу федералните, државните и локалните агенции за идни настани блиску до јавни патишта.

Најнови вести од: Свет

Кај Солун се снимал додека возел со 304 км/ч на пат со ограничување од 90 км/ч! (Видео)

Покрај тоа што возел пребрзо, возачот самиот го снимал маневрирањето, што значи дека го вози возилото само со една рака, што предивикува дополнителна опасност. Снимката направена на пат кај Солун заврши на ТикТок. Како што се очекуваше, видеото се рашири молневито, привлекувајќи го вниманието на полицијата, која брзо го пронајде прекршителот и на крајот го фати.

Пронајден починат македонски државјанин кој исчезна во Брисел пред 22 години

Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во Брисел му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција

To top