Македонија

Немаме никаква обврска ниту долг кон „Комунална хигиена“ Скопје, велат од МЗ

Од МЗ велат дека тврдењата за неплатен долг од пет милиони евра се неточни и оти целта им е да се нанесе штета на угледот на Министерството или да се амнестира некој од сопствените обврски

Министерството за здравство нема никаква обврска ниту долг кон Јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје. Ова попладнево го соопштија од Министерството за здравство откако од „Комунална хигиена“-Скопје реагираа дека МЗ има неплатен долг од пет милиони евра кон претпријатието и поради тоа платите на вработените им ги исплаќаат со неколкудневно задоцнување.

„Тврдењата за неплатен долг од пет милиони евра се неточни и целта им е да се нанесе штета на угледот на Министерството или да се амнестира некој од сопствените обврски“, велат од Министерството за здравство.

Оттаму апелираат да се проверуваат информациите, особено кога станува збор за тврдења што можат да создадат забуна или да доведат до недоверба во институциите.

„Продолжуваме да работиме согласно законските обврски и по принцип на транспарентност во своите активности“, се вели во соопштението од МЗ.

Попладнево од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје излегоа со соопштение во кое велат дека нивните вработени испорачуваат основни услуги за градот, но како претпријатие се постојано саботирани од, како што наведуваат, луѓе од власта. Од јавното претпријатие велат дека се загрижени бидејќи, како што тврдат, во тек биле напори за организирање и спроведување протести поради доцнењето на платите на вработените.

Платите на вработените, како што може да се разбере од соопштението, доцнат пет дена, што соодветствува со бројот на денови за кои дел од скопските градоначалници велат дека Јавното претпријатие не го собира сметот согласно своите надлежности.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Нема нерешливи проблеми, а напредок е можен преку градење доверба

Шефицата на македонската држава очекува разговорите да бидат продолжение на нивната претходна средба во Ереван, но и можност да се отворат суштинските прашања во односите меѓу двете земји

„Ни мртва нема да го направам“ – Сиљановска-Давкова: Не договарам уставни измени зад затворени врати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека постојат правни и политички механизми со кои Европската Унија може да понуди дополнителни гаранции за земјите кандидати, но истовремено категорично порача дека нема да прифати уставни измени договорени надвор од институциите

Мицкоски: Клиничката болница во Скопје ќе се гради кај „Борис Трајковски“

Владата останува цврсто на ставот дека новата Клиничка болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот кај арената „Борис Трајковски“, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

To top