
„Како сериозна политичка партија излеговме со сериозна програма, Аеродром за првпат ќе добие нов културен дом,“ – најави вчеравечер Дејан Митески. Тој истакна дел од приоритетните проекти на изборната програма, посочувајќи дека за првпат Аеродром ќе добие нов културен дом. „Ние, како сериозна политичка партија излеговме со сериозна програма, што ја претставивме пред граѓаните, програма што опфаќа многу проекти, од сите населени места, од Долно Лисиче до Мичурин. За првпат Аеродром ќе добие нов културен дом.“ – нагласи Митески.
Тој се осврна и на другиот дел од програмата. „Проект за топлификација на Лисиче, нешто што ќе го намали загадувањето и ќе го подобри квалитетот на живот на сите граѓани, тоа е проект што ќе се реализира заедно со поддршката од Владата на Република Македонија. Зелена офанзива, што опфаќа низа на проекти што значат подобрување на парковите и ќе воведеме една обврска што многу ќе помогне за замена на дрвната маса, а тоа е проект за секој инвеститор во иднина што ќе гради, да донира садници на јавна површина, не како досега што било обврска во рамки на сопствената парцела, проект за враќање на парите кон граѓаните го насловивме како „Твој денар – твој проект“, кадешто граѓаните преку директно учество ќе можат да одлучуваат со данокот што го плаќаат, кои проекти ќе можат да ги реализираат, нови детски градинки во Долно Лисиче, Острово и во Мичурин и нова детска градинка во Лисиче.“
Во врска со актуелната тема деновиве за зголеменото количество на отпад во Скопје, чија надлежност е на Град Скопје, Митески истакна дека како општина самоиницијативно се работи и дневно се депонира повеќе од 10 тони отпад.
– Во однос на зајакнување на инспекциските служби и третирање на отпадот, тоа е работа на градот Скопје, а како општина постојано работиме, ја работиме и нивната работа, дневно депонираме повеќе од 10 тони отпад во „Дрисла“. Пред да влеземе со инспекции и да ги казнуваме граѓаните, ние мораме да им создадеме услови каде да го одлагаат отпадот. За првпат како општина воведовме редовни акции што траат два месеца напролет и наесен за одлагање на кабаст отпад, понудивме услуга преку нашето јавно претпријатие да може на повик, граѓаните дојдат и го депонираат отпадот за симболичен надоместок, за првпат лиценциравме јавно комунално претпријатие што може да одвезува и да транспортира неопасен отпад.“ – изјави Митески.