Македонија

Со спортот – до посилна заедница Улогата на Државна лотарија во развојот на спортот

Унапредување на спортската инфраструктура, соработка со спортски колективи низ државата

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба од интензивна поддршка и унапредување на спортската инфраструктура и активности. Во таа насока, Државна лотарија во текот на изминативе години презеде активна улога во унапредување на спортската инфраструктура, соработка со спортски колективи низ државата, ставајќи посебен акцент на развојот на млади спортисти, создавање подобри услови за тренинг и натпреварување, но и зачувување на спортските традиции.

Во последната година компанијата воспостави соработка со значителен број спортски колективи, вклучувајќи клубови од различни спортски дисциплини, како кошарка, фудбал, бокс, ракомет, боречки вештини и шах. Преку оваа поддршка, не се настојува само да се подобрат условите во кои функционираат спортските организации, туку и да се афирмираат вредностите што ги носи спортот со себе: тимска работа, фер-плеј игра, дисциплина, истрајност, почитување на различностите и здрав начин на живот.

Меѓу клубовите со коишто се остварени партнерства се кошаркарските екипи „Куманово“, „МЗТ“ и „Чаир“, фудбалските клубови „Форца – Вардар“, „Фенебахче – Тефејуз“ и „Албарса“, боксерските клубови „Шкупи“ и „Албарса“, како и ракометните клубови „Аеродром“ и „Спартек“. Во областа на боречките вештини, клубовите „Дрвени“ и „Викинг“, карате клубот „Аеродром“, планинарски клуб „Остри врв“, Кратово и други. Овој широк опфат на спортови укажува на намерата поддршката да не биде ограничена само на најпопуларните дисциплини, туку да се прошири и на помалку видливи спортски заедници, кои, сепак, играат клучна улога во развојот на спортската култура во државата. Важно е да се истакне дека критериумот за поддршка не се темели исклучиво на спортскиот успех или на популарноста на клубовите. Наместо тоа, се вреднува посветеноста кон работа со млади категории, создавање инклузивна средина за тренирање и натпреварување, како и посветеноста на пренесување на спортските вредности кон идните генерации. Спортот, во овој контекст, се гледа како образовен и воспитен ресурс, кој игра важна улога во социјалниот развој и во оформувањето активни, здрави и одговорни граѓани.

Дополнително, соработката со Шаховскиот клуб на ветерани „Скопје 72“ е показател за ангажманот на Државна лотарија и кон повозрасната спортска популација. Поддршката на спортски ветерани значи признавање на нивниот придонес во спортската историја на земјата и важноста на нивната улога во пренесувањето на знаењето и искуството кон помладите. Преку вакви иницијативи, се овозможува континуитет на спортската традиција, а истовремено се отвора простор за интергенерациска поврзаност во рамките на спортските заедници.

За Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, инвестицијата во спортот е влог во човечкиот капитал, во здравјето на идните генерации и во заедницата во целина. Преку доследна и стратегиска поддршка на спортските колективи и индивидуалци, може да се создаде основа за долгорочен развој на спортот, но и на општеството во поширока смисла.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top