Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника

Бихаќка продолжува со наративот дека СДСМ постигнала успех на изборите

Откако го доживеа својот најголем дебакл во истројата Бихаќка тврди дека ВМРО-ДПМНЕ која по бројот на општини победи со 10:1 е во паника.

Според соопштението од Бихаќка ВМРО-ДПМНЕ е во страв дека СДСМ ќе освои повеќе општини отколку тие во 2017.

,,ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ останува најсилна опозициска партија и дека е на пат да освои повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година.

Мицкоски е во шок од изборниот резултат, колку и да се обидува триумфалистички да ја труе јавноста со соопштенија. Факт е дека изгубија 140.000 гласови, факт е дека доколку утре би имало парламентарни избори би освоиле 7 пратеници помалку и дека пропаднаа сите планови за пасокизација на СДСМ на која толку многу работеа.

Граѓаните јасно го поразија и неговиот коалициски партнер ЗНАМ, кој требаше да биде тројанскиот коњ за делење на СДСМ. Овој план пропадна и ЗНАМ е на пат на исчезнување.

Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мораат да пуштаат секојдневни соопштенија за лажно да ги мотивираат своите гласачи, но реалноста е сосема поинаква. СДСМ продолжува со својата кампања во 17 општини. Ги повикуваме граѓаните да излезат масовно на гласање, да ги поддржат нашите чесни и докажани кандидати кои искрено и посветено ќе работат за граѓаните”, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Денеска и утре ќе биде во Скопје, при што ќе одржи средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со претставници на државниот врв, а негова средба е најавена и со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

#НетБезХејт: Децата ко-креираат побезбедна дигитална средина во Македонија

Деца и адолесценти денес беа во центарот на вниманието на настан посветен на врсничко застапување против сајбер-насилството и говорот на омраза на интернет, организиран од УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, во соработка со Сојузот на извидници на Македонија.

To top