Македонија

Уапсен сопственикот на болницата „Санте Плус“

Билал Кара веќе е спроведен во Кривичниот суд и изведен пред судија на претходна постапка

Сопственикот на приватната очна болница, Билал Кара, за кого Албанија лани распиша потерница, е еден од уапсените во вчерашната акција на МВР.

,Кара веќе е спроведен во Кривичниот суд и изведен пред судија на претходна постапка“, .неофицијално дознава ,,Фокус”.

МВР вчера бсоопшти дека од страна на полициски службеници при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО за ГОКК, спроведена е полициска акција, во рамки на истрага за сомнежи за незаконски постапки поврзани со операции на очи, при што сузбиена е криминална група, дел од нив поранешни и сегашни функционери на Фонд за здравствено осигурување во РМ.

Поточно за операциите биле наплаќани средства и од Фондот за здравство, но и од пациентите. Биле оштетени од 3.000 до 4.000 пациенти.

Инаку, Кара во Албанија се бара поради сомнежи за злоупотреби направени преку приватната клиника „Интернешнл Медикер“, поранешна „Санте Плус“, лоцирана во таа земја.

Клиниката во Албанија била блокирана откако наводно не пријавила профит во вредност од 1 милион евра, а било откриено дека клиниката давала лекови кои биле со истечен рок или шверцувани производи.

Под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ

Најнови вести од: Македонија

To top