Комерцијална банка, ТТК Банка и Централна кооперативна банка официјално потврдија дека пензиите ќе бидат достапни денеска, 30 октомври.
„Шпаркасе банка“ претходно објави правило според кое исплатата на пензиите се врши последниот работен ден во месецот.
За останатите банки, во моментот на проверката нема доволно потврдени информации за точниот датум на исплата на октомвриската пензија, дознава порталот „Банкарство“
Бидејќи 1 ноември годинава се паѓа во недела, првиот работен ден во наредниот месец е понеделник, 2 ноември, лел од македонските банки одлучија пензионерите да добијат пристап до своите средства уште на последниот работен ден од октомври.