Македонија

Институт за јавно здравје со итни мерки за справување со ѓубрето во Скопје

Андоновска кажа дека меѓу препораките е Општините да направат вонредна итно вонредно испирање, дератизација, дезинфекција и дезинсекција на местата со расфрлан отпад и контејнерите, и иако тоа не е толку лесно во поглед на снабдување со соодветни средства, Општините треба да најдат начин тоа да го спроведат дополнително во овој период.

Епидемиолошката состојба во Скопје е стабилна, но се препорачува одржување на лична хигиена при ракување со отпад како што е користење на ракавици, маска, миење раце, дезинфициенс, совесно одлагање на отпадот во контејнери и избегнување на нелегални депонии како и затворање на капаците на кантите и избегнување физички контакт со отпадот и исцедокот.

Ова е препораката на Институтот за јавно здравје кој е дел од интеринституционалната работна група за справување со актуелната состојба со отпадот во Скопје. Во групата се вклучени Институтот за јавно здравје, МВР Скопје, Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина и ДСЗУ.

Граѓаните и работниците да го фрлаат отпадот со користење ракавици, заштитна маска КНД95 минимум, да се измијат рацете со средство за дезинфекција веднаш после фрлањето отпад и да се мијат рацете, е една од препораките на епидемиолозите од Институтот за јавно здравје.

Со денови Скопје е под купишта ѓубре, бидејќи Јавното претпријатие (ЈП) „Комунална хигиена“ нема исправни камиони, не се собира сметот, а купиштата само се натрупуваат. Од вчера некои општини ги празнеа контејнерите со помош на механизација од други градови.

Владата побара од Институтот да достави експертско мислење за тоа какво влијание може да има отпадот врз јавното здравје, како и епидемиолошки мерки врз база на доставени записници од инспекторат, каде е констатирана фактичка состојба.

Како итни мерки Институтот ги нагласува брзото отстранување на расфрланиот отпад со сите расположливи ресурси, приоритетно чистење околу болници, училишта, паркови и игралишта, вонредна дезинфекција, дератизација и дезинсекција на критичните локации, редовно празнење на контејнерите, минимум еднаш дневно во густо населени делови, заштита на работниците со лична заштитна опрема и задолжителна вакцинација и засилен епидемиолошки надзор за заразни заболувања и јавна едукација за ризиците.

Во однос на долгорочните мерки ИЈЗ препорачува воспоставување интегриран систем за управување со отпад, редовно чистење, селекција и рециклирање, како и воведување казнени мерки за несовесно одлагање. ИЈЗ појаснуваат дека во препораките се вклучени и посебните групи вклучително и работниците коишто се професионално изложен и на овој ризик.

  • Оттаму излезе таа препорака дека тие мора редовно да се вакцинираат, да исполнуваат законската обврска за редовна вакцинација од болести коишто меѓу другото се од интерес и овој случај, а особено хепатит А и хепатит Б и други заболувања коишто би можеле да ги добијат на овој начин – истакниваат од ИЈЗ.

Апелираат носење на маски затоа што, како штпо нагласуваат, овој проблем е мултидисциплиниран не е само проблемот со заразните бактериолошки вируси и паразити туку има емисии на хемикалии, емисии на мириси и други гасови коишто не мирисаат, а се многу токсични.

Најнови вести од: Македонија

„За мене постои само Република Македонија без придавки“, рече Kалиопи и го најави големиот концерт

Калиопи на прес-конференција го најави големиот концерт што ќе го одржи на 17 октомври во скопската арена, но дел од нејзиното обраќање беше посветен и на името на државата, како и на новото име на големата сала во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Големата сала од крајот на јули функционира под името „Т Арена“, по партнерството […]

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

To top