Хроника Свет

(Видео): Еден преживеан од авионската несреќа – Како патникот го опишал грозоморното искуство?!

Авионот на „Ер Индија“, кој се урна во Ахмедабад кратко по полетувањето, превезуваше 242 патници, а еден патник преживеа, изјави началникот на полицијата, Г.С. Малик, пренесоа повеќе медиуми. Станува збор за британски државјанин кој седел на седиштето 11A во авионот Боинг 787-8 Дримлајнер, објави Би-Би-Си. За индиската новинска агенција АНИ, Малик изјавил дека преживеаниот „се наоѓа […]

Авионот на „Ер Индија“, кој се урна во Ахмедабад кратко по полетувањето, превезуваше 242 патници, а еден патник преживеа, изјави началникот на полицијата, Г.С. Малик, пренесоа повеќе медиуми. Станува збор за британски државјанин кој седел на седиштето 11A во авионот Боинг 787-8 Дримлајнер, објави Би-Би-Си.

За индиската новинска агенција АНИ, Малик изјавил дека преживеаниот „се наоѓа во болница и е на лекување“.

Претходно објавената листа на патници, која ја споделија властите, наведува дека станува збор за патникот Вишваш Кумар Рамеш.

Индиските медиуми наведуваат дека разговарале со Вишваш во болницата. Тој ја покажал својата карта за чекирање, на која се гледа неговото име и бројот на седиштето 11A.

– Триесет секунди по полетувањето се слушна силна бучава и потоа авионот се сруши. Сè се случи многу брзо. Кога станав, околу мене имаше тела. Бев преплашен. Станав и почнав да бегам. Имаше парчиња од авионот насекаде околу мене. Некој ме фати, ме стави во возило на брза помош и ме однесе во болница – рекол Рамеш, пренесе Скај њуз.

https://x.com/WeatherMonitors/status/1933164444856778995

Најнови вести од: Хроника Свет

Трамп негира дека САД останале без “одредени видови’ муниција

Неговата изјава дојде неколку часа по извештајот на „Вашингтон пост“ дека има тензии во Белата куќа и Пентагон поради намалените залихи на некои високопрецизни ракети и антиракетни пресретнувачи по долготрајната воена кампања против Иран

81 година по првата атомска бомба, но не и последна

Само два дена подоцна, втората нуклеарна бомба го нападна Нагасаки на 8 август 1945 година. Во двете експлозии загинаа околу 120.000 луѓе, а сличен број починаа подоцна од повреди од изгореници и радијација, а зад себе оставија 650.000 преживеани

To top