Хроника

Германски државјанин сакал да „протне“ дрога преку ГП “Табановце“

Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“

Хашиш, амфетамин и MDMA и тетрахидроканабинол пронајдоа царинските службеници на граничниот премин „Табановце“, на влез во државата кај кај германски државјанин.

„Во случајот, откако автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронајдоа супстанца со зеленкаста боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна супстанца спакувана во црни кутивчиња, дрога во форма на бомбони како и дробилки и вага за прецизно мерење.

Извршен е и личен претрес на осомничениот, при што се пронајдени дополнителни количини на супстанци со зеленкаста боја, бела прашкаста материја, гел во бела боја и таблети со портокалова и кафена боја.

Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и преземени се предистражни дејствија, во чии рамки под налог на јавен обвинител, извршено е и вештачење на дрогата со кое е утврден нејзиниот состав.

Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, соопштија од Царинската управа.

Случајот е документиран и со снимка од боди-камерите обезбедени како донација од Министерството за правда на САД, извести Царинската управа.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

To top