Македонија

Пријави од 107 жители од Криволак против Љ.Т. (67) од Неготино, оти „навредувал на национална основа и повикувал да им се ускрати правото за гласање“

Граѓанинот од Неготино доби кривична пријава, поради „јавно изнесување невистини и навреди на национална основа во врска со изборниот процес.“ – објави Министерството за внатрешни работи.

Љ.Т.(67) од Неготино доби кривична пријава од ОВР Неготино, поради „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 20 октомври тој објавил видео на профил на една општествена мрежа, во кое, коментирајќи го првиот круг од локалните избори, повикал да се ускрати правото на глас на жители на селото Криволак, Неготинско. Исто така, навредувал на национална основа – повторно во врска со изборите.

Полицијата карактеризира дека Љ.Т. „преку личен профил и профил, кој го управува на општествена мрежа, објавил видео на 20 октомври, во кое употребил погрден и навредлив израз за лица од село Криволак, повикувајќи на дискриминација и ускратување на изборното право на група граѓани по етничка основа“.

Следниот ден во ОВР Неготино биле примени три пријави, а потоа на 24 октомври биле примени нови писмени пријави од 107 жители на селото Криволак дека Љ.Т. од Неготино на социјална мрежа објавил видео „кое било јавно достапно, а во кое изнел невистини и навреди на национална основа во врска со изборниот процес“, објави Министерството за внатрешни работи.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top