Македонија

Одѕивот на локалните избори првпат не надмина 50 проценти

Најнизок од независноста на земјата

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници за првпат не надминува 50 проценти, ниту во првиот круг, ниту во вториот круг, што ги прави овие осми локални избори со најмала излезност од независноста на земјава досега.

Според податоците на ДИК, во првиот круг за градоначалници, одѕивот е 48.30% од вкупно регистрираните избирачи. Од 1.832.415 регистрирани избирачи во Избирачкиот список, гласале 885.085 избирачи. Излезноста во вториот круг на локалните избори 2025, според податоците на ДИК, од обработени 98,26 % од избирачите изнесува 40,46 проценти. Според првичните неофицијални податоци на ДИК излезноста во вториот круг е 41,24%.

Во вториот круг најголема излезност има во Росоман – 79,68% и Лозово – 77,85%, додека најмала во Куманово – 35,70% и Шуто Оризари – 32,03%

За градоначалник на Скопје, излезноста во вториот круг, изнесува 35,33 проценти. Од вкупно 474.304 избирачи, гласале 167.575. Најголема излезност има во Карпош – 50,52% и Центар – 47,59%, каде исто така се гласаше и за општински градоначалник во втор круг, додека најниска излезнсот има во Сарај – 12,27% и Чаир – 14,15%, каде се гласаше само за градоначалник на Град Скопје.

Најголема излезност во првиот круг на изборите за градоначалници во земјава имало на Локалните избори во 2013 година – 67 отсто, по што е во постојан пад, на 60 отсто на Локалните избори во 2017 и 50,57% на Локалните избори 2021 година.

Излезноста во вториот круг на локалните избори генерално е секогаш помала, споредено со првиот круг. Најголема излесност во втор круг имало на локалните во 2013 година, што се први на кои се избираат градоначалници во 80 општини и Градо Скопје, кога изнесува 65%, по што е во постојан пад, на 52 отсто во 2017, на 50,69 проценти во 2021 и сега на 41,24%.

На овие избори во четири општини не беше постигнат потребниот цензус на излезност од над една третина од запишаните избирачи и тоа во Гостивар, Центар Жупа, Маврово и Ростуше и Врапчиште. Во овие општини ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top