Бизнис

Македонија и Бугарија в четврток ќе потпишат договор за изградба на железничкиот тунел

Церемонијата на која потпис ќе стават вицепремиерите Николоски и Караџов ќе се одржи на железничката станица во Ѓуешево

Македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов в четврток ќе го потпишат Договорот за подготовка, изградба и експлоатација на прекуграничниот железнички тунел меѓу двете земји.

Потпишувањето ќе се изврши на железничката станица во Ѓуешево, а на церемонијата ќе присуствуваат претставници на Европската комисија, на дипломатските мисии на земјите од ЕУ и НАТО во Бугарија, како и претставници на Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и Светската банка.

Прекуграничниот тунел е клучен елемент на транспортниот коридор „Западен Балкан – Источен Медитеран“ и на стратешкиот Коридор 8. Неговата имплементација ќе ја обезбеди недостасувачката железничка поврзаност меѓу Бугарија и Македонија и ќе го подобри транспортниот пристап меѓу Црното Море и Јадранското Море.

Проектната должина на тунелот е околу 2,4 км, по половина на териториите на двата соседа. Неговата изградба ќе го поддржи економскиот развој на регионот и ќе го олесни интегрирањето на транспортните мрежи на ниво на ЕУ и НАТО.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

Најнови вести

To top