Македонија

За роденденот на Diamond Mall собрани 600 килограми храна и 10 куќички за бездомните кучиња

Хуманоста на дело

Јавното претпријатие „Лајка“ доби 600 килограми храна за кучиња и 10 рачно изработени куќички за кучиња, a донацијата беше обезбедена преку активностите организирани по повод вториот роденден на Diamond Mall. Во рамките на одбележувањето на вториот роденден, Diamond Mall организираше низа активности во соработка со ЈП „Лајка“, во насока на подигнување на јавната свест за потребата од заедничко делување за подобрување на состојбата со бездомните животни во Скопје.

„Комплексот Diamond of Skopje, чиј дел е Diamond Mall, е дел од оваа заедница, дел од Скопје. Како одговорна компанија, ние активно се вклучивме во заедничка акција за подобрување на состојбата со бездомните животни. Навистина ни е драго што нашата иницијатива беше одлично прифатена, а резултатот е потврда за тоа. И во следниот период продолжуваме да градиме мостови за подобар живот“, изјави Куртхан Апајдин, генерален директор на „Лимак Скопје“, компанија во чија сопственост е комплексот.

Најмалку еден килограм храна беше услов за присуство на хуманитарниот концерт кој се одржа на 26 октомври 2025 година. На концертот настапија македонски музички ѕвезди Лозано, Викторија Лоба, Лара и Пајак, како и музичката легенда Драган Мијалковски како специјален гостин. Покрај тоа од 20 до 26 октомври во Diamond Mall беше отворена Зона за донации, каде што сите посетители можеа да остават храна и опрема за бездомните животни.

„Задоволни сме што нашиот роденден се претвори во убава хумана приказна, која покажа дека кога луѓето се обединети околу позитивна цел, резултатите се исклучителни. Веруваме дека токму ваквите моменти ја градат културата на одговорност и солидарност, како и дека малите гестови можат да доведат до големи промени“, изјави Селин Октај, директорка на Diamond Mall.

Во трговскиот центар се организираа и активности за да се поттикне вдомување на кучињата кои чекаат нов дом, а се одржа и креативна работилница за бојадисување куќички за кучиња, на која беа изработени десетте куќички и потоа донирани на „Лајка“. Преку оваа иницијатива Diamond Mall обезбеди конкретна поддршка за ЈП „Лајка“, но истовремено успеа да го зголеми бројот на луѓе кои се вклучија да помогнат. Diamond Mall продолжува да го развива и својот концепт на современ лајф центар, но и да поттикнува и поддржува активности од јавен интерес.a

Најнови вести од: Македонија

Трифуновски: Органодарителството како најтешка одлука, остава најсилна светлина позади себе

Д-р Александар Трифуновски, хирург-уролог и член на тимот за трансплантација, во рамки на националната кампања што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, апелира за унапредување на органодарителството

Јаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии, СДСМ манипулира со јавноста

Министерката ги демантираше и тврдењата дека ќе се зголеми партиципацијата за сместување во студентските домови, нагласувајќи дека тоа не е предвидено во законските измени. Таа најави и ново законско решение со кое државата ќе ги преземе платите на вработените во студентските домови, со цел да се намали финансискиот товар врз студентите.

(Фото): Цела недела нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Македонија влегува во период на променливо и нестабилно време, со сончеви паузи, но и со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според временската најава на УХМР, локално процесите може да бидат поинтензивни, со пообилен пороен дожд од над 20 литри на квадратен метар, грмежи и силен ветер над 60 километри на час. Нестабилноста ќе се прошири на повеќе места кон петок и за време на викендот.

To top