Македонија

Започнува голема наградна игра во пресрет на вториот роденден на Diamond Mall – главна награда автомобил Geely Cityray

„На наградите им нема крај“

Под мотото „На наградите им нема крај“ од денес започнува наградната игра во Diamond Mall.  Наградната игра го означува почетокот на одбележувањето на вториот роденден на Diamond Mall, а ќе трае сѐ до 26 октомври 2025 година,  месецот кога се одбележува вториот роденден.

Главната награда е најновиот модел на автомобилот Geely Cityray, а дополнително на тоа предвидени се две парични награди во вредност од по 50.000 денари, четири парични награди од по 25.000 денари, осум парични награди во вредност од по 10.000 денари и 10 парични награди во вредност од по 5.000 денари.

За учество во наградната игра е потребен купон, кој се добива за секое купување на производи и услуги во вредност од 1.000 денари, а еден купувач може да учествува со неограничен број на купони.

Пoкрај наградната игра Diamond Mall подготвува и дополнителни изненадувања. Во финална фаза се подготовките за отворањето на најголемиот фитнесцентар, кој ќе ги понуди последните трендови во оваа индустрија, адаптирани според денешниот начин на живот.

Уникатната понуда на Diamond Mall ќе биде збогатена и со новиот бренд Funky Buddha, кој ќе биде вистинско изненадување за сите љубители на урбаниот стил. Планирани се и дополнителни изненадувања и нови содржини кои ќе бидат достапни наскоро.

Diamond Mall официјално беше отворен на 20 октомври 2023 година и со својот уникатен концепт на „лајф–центар“ стана едно од омилените места за шопинг, дружење и забава. Со површина од 7.000м2, разноликата понуда од едукација и забава за деца и млади во „Зоната на соништата“ (Dream Zone), врвната гурманска понуда во „Гурманската Авенија“ (Gourmet Avenue) и разновидната шопинг понуда, Diamond Mall, станува препознатливо место во градот.

Купоните за учество во наградната игра ќе може да се подигнат на пултот во Diamond Mall, а повеќе детали за наградната игра, ќе најдете на веб страницата https://diamondmall.mk/en/campaign/rodendenska-nagradna-igra .

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top