Македонија

Солзите на Глигоров пред САД да ја признае Македонија под уставно име, Чкатроски раскажува историски детали

Како течеле разговорите и како се однесувале Пендаровски и Фрчкоски пред одлуката на Вашингтон

Првиот претседател на Македонија Киро Глигоров се расплакал кога дознал дека САД ќе ја признаат Македонија под уставно име, раскажува политичкиот аналитичар Даме Чкатроски.

 

Во неговите сеќавања за настаните од почетните години  на 21 век тој раскажува историски детали  како негов ,,Мал придонес кон историјата на Македонија”.

 

Сеќавањето на Чкатроски во целост:

Денес е 5 .11.2025

 

Како САД ја призна Македонија под Уставно Име!

 

Ретко зборувам и пишувам за некакви работи од политика но после долго време морам со вас да споделам.

 

Беше август 2002 и морав да се стретнам со претседателот Глигоров.

 

Тој беше во својата мала викендица во Охрид. Таа беше толку мала и безначајна да воопшто не знаев и каде е.

 

Од центарот на Охрид ме зеде неговиот шофер, Црниот, и со една стара Опел Омега ме однесе на средбата со Глигоров.

По пат ми ја покажа новоизградената вила на Трифун Костовски и Црниот ми вели – Она е вила на Трифке, а сега ќе ја видиш „вилата” од претседателот Глигоров.

 

Му одговарам – Иста како мојата викендица, 20.000 евра.

 

Имаве неколку теми за разговор, една важна и една споредна но многу важна.

 

Една маса и две дрвени клупи. Лево на клупата седнува Глигоров, јас крши него. Една масичка и Глигоров и вели на Нада – Направи за Даме едно турско и за мене и дај сивите дебели чорапи да си облечам оти ми студи.

Палам цигара, Глигоров си ги облекува чорапите и ми вели: Тоа е , стар човек, во август ми е ладно на нозе.

Ја разглобивме првата тема за неколку минути и му велам –

САД ќе го нападнат Ирак, ќе бараат сојузници. Ситуацијата е таа, се спремаат.

Глигоров – До каде мислиш да одиш?

-Ма овој пат, машки и до крај. Не верувам дека ќе има различни мислење. Нема што да изгубиме.

 

Глигоров – А, што велат другите од кај нив?

 

Му велам, абе не велат ништо. Садам тајно бил во Франција во некаква приватна клиника.

Му констатирале почеток на канцер и му дале најмногу 3-4 години. Некаков ласерски оперативен зафат имал.

Уплашени дека со смрт на Садам, Ирак ќе се распадни. Знаеш сунит, автократ во шиитско мнозинство. Не носи многу среќа, ако почини уште еден Тито. Тоа е.

Глигоров- Па да , нека видат и тие сега гајле. Таму во тој регион секогаш е прекомплицирано.

Се разделивме по 3 часа разговори и се договоривме да се видиме за месец/два во Скопје.

 

Тогаш во Скопје, Батлер беше амбасадор а воено аташе Н.

Ситуацијата во септември почна да се одвива со брзо темпо.

САД не оставаше ништо на случајности и нивната дипломатија , Департмент оф Стејт и Пентагон , газеа.

 

Неколку пати го брифираа Борис, тој ми пренесе што и како и одлучивме да составам еден список, да му дадам на неговите, кои се добронамерни и нема да опонираат и тие да го видат, а и да додадат нешто ако имаат.

САД го брифираат, Пендаровски молчи и потврдува, нешто и као додава, колку разбрав.

Го правам списокот од 8 точки, во првична верзија, што ние бараме .

Клучни ми се наплата на долгот на Ирак на Македонија и нашите да одат како логистика да се запослат во американските компании кои се логистика на армијата.

 

Списокот стасува до сите блиски на Трајковски и додаваат една точка.

Точка 4 – Македонија да биде признаена под Уставно име од САД.

 

И ден денес по оваа точка би бил во дилема но оваа точка ја допиша лично Љубомир Фрчкоски.

И доколку има некој „виновен“ по ова признавање е Љубомир Фрчковски и никој друг.

Да не заборавам да кажам дека со Фрчкоски воопшто немам некакви релации и тешко го варам.

 

Трајковски списокот го претставил на Батлер на чија средба присуствувал Пендаровски.

 

Батлер и Пендаровски беа до 18 часот со Трајковски и го убедуваја да не го доставува овој список до САД.

Во 19 часот Борис ми се јавува и ми вели – Оваа е ситуацијата.

Мојот одговор беше – Абе кој ги е*е , не се расправај со бирократијата. Пуштај списокот па што сака нека биди.

Борис по телефакс го праќа списокот директно до Вашингтон.

Другиот ден добива одговор од Дик Чејни по СМС – Сите точки прифатени,  ќе бидат исполнети но во време кое е погодно.

 

Што се случува со моите точки

 

1.Пентагон праќа пилот во Куманово, претходница на силни фирми таму и во Скопје да регрутираат Македонци за логистика.

(Ова на Македонија и донесе милијарди долари и на македонскиот народ заради што оваа иста логистика продолжи и во Авганистан)

– Не бев задоволен со МНР . Тие ништо не направија да бидеме ослободени од визи за Ирак и Афганистан што нашите граѓани таму ги чинеше помеѓу 20 и 30 милиони долари.

Се обидував да им објаснам дека не може да поддржуваме логистички и армиски режими таму а да имаме визи. Некако беа зафатени секогаш со некакви други нешта.

 

2.Долгот од Ирак

 

САД го хендлаат заедно со ирачкиот министер за финансии да Ирак исплати каде должи 50% заради ситуацијата и војната.

Ирачкиот министер за финансии доаѓа во Скопје, а неинформираниот , свештознајучи Никола (Поповски), нашиот министер, како од топ му одговара- Нас никој долг не ни простил.

Дечково беше тотално неинформиран и тврд. Тоа се должи за неговиот анимозитет кон Трајковски.

 

Сите точки беа исполенти од страна на САД и последната за која требаше да биде во даден момент заради уште поцврст став на Грција и да биде постигнат некаков баланс во преговорите.

 

Од оваа ретроспектива-

1.Неверојатната политика на САД да исполни се до последна точка доколку имате вакви договори, а посебно во одбраната

2. Екстремната точка на Фрчкоски помина, а подоцна САД со смена на грчката политика омекна и по 4 години не советуваа дека сепак има нови услови и времиња и треба да направиме промени во ставот.

 

3. Се радувам да сите останати точки беа поврзани со интересите на народот на Македонија, а не со политичките елити и имавме многу бенифит.

4. Ја откријаа нашата кратка меморија, нашата злоба, некоординираност и малите лаги и подместувања кои ги работат нашите политички и административни елити.

 

Вкупно – Дик Чејни и Борис Трајковски на секое ниво.

 

На следната средба со Глигоров по неколку месеци:

Влегувам кај него онде кај Дајнерс, стана и тргна на кај мене ми вели-

Го имаме ли Името ?

 

Му одговарам- Го имаме.

Почна да плаче.

 

Тоа е се што треба да знаете.

Административниот дел за признавањето, шалтер на шалтер, го изработи Димитров. Па и тоа мора некој.

Најнови вести од: Македонија

Градоначалникот на Кичево Јовановски со новогодишна порака заеднички да се продолжи напред со многу позитивна енергија!

„За прв пат во Кичево новогодишната ноќ ја дочекавме заедно сплотени, насмеани и исполнети со надеж и покрај значително студеното време. Ова не беше само прослава, туку почеток на една нова традиција, која ќе ја негуваме и ќе ја правиме уште поголема и уште подобра, поорганизирана.“ – објави градоначалникот на Кичево Александар Јовановски на својот […]

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

Мицкоски: Во април ново линеарно зголемување на пензиите

Последните статистички параметри кои што ги издаде Државниот завод за статистика за нивото на сиромаштија и „џини-коефициентот“, само дополнително ја оправдуваат политиката на Владата за линеарното зголемување на пензиите

Убиство во Старата чаршија во Скопје за време на новогодишната ноќ

За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а од МВР информираат дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со убиството.

Вицепремиерот Арбен Фетаи, еден од лидерите на Вреди, се огласи со честитка за Новата 2026-та, посакувајќи година на нови успеси за сите граѓани

„Повеќе реформи, поголема одговорност и еднаквост, инвестиции во образованието, здравството и економскиот развој, за една Република, во која секој граѓанин живее со целосно достоинство. Вреди е обединета, силна и камен-темелник на нашата иднина! Среќна Нова Година! Нека 2026 година биде година на нови успеси за сите нас!“, нагласува Арбен Фетаи во својата новогодишна честитка.

Двегодишно дете погодено со куршум во главата, состојбата му е критична, бурно ja поминалo ноќта на хируршките клиники

Детето е во животозагрозувачка состојба. Засега лекарите немаат информации за околностите, во кои е застрелано детето и упатуваат тие информации медиумите да ги побараат од полицијата.

To top