Македонија

ЕВН волонтираше во рамки на еколошката акција „Генералка викенд 2025“

ЕВН Македонија Групацијата продолжува со својата посветеност кон долгорочните компаниски стратегии за заштита на животната средина преку масовно волонтирање во рамки на еколошката акција „Генералка викенд 2025“. Околу 150 вработени, работните активности ги заменија со акција за собирање отпад во различни градови: Скопје, Гевгелија, Битола, Гостивар, Прилеп, Кочани, Кавадарци, и Кичево. Целта е вработените директно […]

ЕВН Македонија Групацијата продолжува со својата посветеност кон долгорочните компаниски стратегии за заштита на животната средина преку масовно волонтирање во рамки на еколошката акција „Генералка викенд 2025“.

Околу 150 вработени, работните активности ги заменија со акција за собирање отпад во различни градови: Скопје, Гевгелија, Битола, Гостивар, Прилеп, Кочани, Кавадарци, и Кичево. Целта е вработените директно да придонесат кон почиста и поздрава околина, додека за секој 10кг отпад ќе се сади по едно дрво.

На волонтерската еколошка акција се приклучи и Управниот одбор на ЕВН Македонија.

„Една од нашите главни цели е ЕВН како одговорна компанија, континуирано да придонесува за почиста иднина за нашите идни генерации. Посветени сме да направиме позитивни промени во нашата област на делување: производство, дистрибуција и продажба на енергија. Многу сме горди на нашите вработени кои денес учествуваа во оваа акција и покажаа дека и тие исто така се грижат да имаме почиста и поздрава животна средина.“ изјави Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г. Волфганг Маиер.

ЕВН веќе неколку години континуирано спроведува разновидни волонтерски акции, со што досега се реализирани 58 акции со над 700 волонтери.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со првиот човек на „Браќа Манаки“ и претседателката на Друштвото на филмски работници

Посебен печат на 47. издание му дава присуството на славни имиња од светската кинематографија, меѓу кои и Дан Лаустсен, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Џеф Кроненвет, кому му се доделува специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност

Ревизорите прашуваат: Како „ЕСМ“ фрли во ветер милиони на тендери без пазарна трка и контрола?!

Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности во јавните набавки на АД ЕСМ за 2024, период во кој компанијата презела обврски од 8,8 милијарди денари. Извештајот открива дека дури во 93 отсто од ревидираните постапки учествувал само еден понудувач или само една понуда била оценета како прифатлива. Наместо слободна пазарна конкуренција, енергетскиот гигант фаворизирал постапки со преговарање во четири очи и селективни критериуми.

To top