Регион

Графити „Убиј го Србинот“ и „Марш од Хрватска“ напишани на училишна сала во Сплит

Уште еден инцидент во Хрватска насочен против Србите

Уште еден инцидент во Хрватска насочен против Србите. Имено, како што пишува Далмација данас, утрово на зградата на училишна сала во Плоките во Сплит се појавија графити со пораки на омраза насочени кон Србите. На ѕидот беа напишани пораките „Убиј го Србинот“ и „Марш од Хрватска“, заедно со усташката буква „У“.

Хрватските медиуми потсетуваат дека овој, најнов инцидент, се случува по инцидентот што го потресе Сплит во понеделник вечерта, кога група од десетици мажи облечени во црно, упаднаа на манифестацијата Денови на српската култура и насилно го прекинаа настанот во кој учествуваа пензионери и деца. Полицијата уапси пет лица, додека десет лица беа приведени на испрашување.

Поради сериозноста на инцидентот, главниот државен обвинител Иван Турудиќ пристигна во Сплит и одржа состанок со службеници од Сплитско-далматската полициска управа, како и од окружните и општинските државни обвинителства.

„Интензивно работиме, имавме добар состанок со началникот на полицијата, окружното државно обвинителство и вршителот на должноста општинско обвинителство. Засега сметаме дека станува збор за кривично дело, сомнение за сторено кривично дело за кое се гони по службена должност“, рече Турудиќ.

Најнови вести од: Регион

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности – важни чекори кон забрзана евроинтеграција

„Регионалната соработка, размената на идеи и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана европска интеграција.“ – објави премиерот Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил, откако присуствуваше на работниот ручек, посветен на улогата на младите во обликувањето на иднината на Западен Балкан, во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора.

Хаос и тепачка во албанскиот парламент – жесток судир меѓу пратениците на владејачката Социјалистичка партија и опозициската Демократска партија!

Пленарната седница на албанскиот парламент денеска беше прекината, поради ескалацијата на тензиите меѓу пратенците од владејачката позиција и опозицијата.

Марта Кос во Подгорица: Понекогаш се чувствувам како овчарка, која бдее над сè, што се случува во стадото!

„Треба да им кажете што да прават, тие ве слушаат… Понекогаш се чувствувам како овчарка, која бдее над сè што се случува во стадото. Имам многу моќ во оваа улога, но вистинската преобразба случува само кога луѓето ја чувствуваат – изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос пред студентите на Факултетот за политички науки во Подгорица, каде вчера одржа предавање.

Муцунски оствари средба со францускиот министер за Европа, Хадад

Ја истакнав цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција, објави шефот на македонската дипломатија

Опасност од хакирање: Влади, болници и училишта ги исклучија веб-страниците – можно ли е ваков проблем да ја погоди и Македонија?!

Владини веб-страници во Европа и во други делови од светот привремено престанаа да работат откако беа откриени сериозни безбедносни пропусти во програмскиот јазик „Пи-ејч-пи“ (PHP), кој се користи за изработка и за одржување на голем број интернет-страници.

To top