Македонија

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите

Македонската академија на науките и уметностите

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца почесни членови.

МАНУ соопшти дека за нејзини редовни членови се избрани дописните членови Изет Зеќири и Блажо Боев. За дописни членови се избрани проф. д-р Гордана Лажетиќ во Одделението за општествени науки, проф. д-р Мирко Тодоровски и проф. д-р Димитар Трајанов во Одделението за технички науки, проф. д-р Александар Узунов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки, проф. Жарко Башески, проф. Невзат Бејтули, проф. д-р Драган Даутовски и проф. д-р Ивица (Иван) Џепаровски во Одделението за уметност.

За членови надвор од работниот состав се избрани проф. д-р Стојко Стојков од Одделението за општествени науки, проф. д-р Светлана Мојсов од Одделението за медицински науки, проф. д-р Гордан Караман од Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Сибила Петлевски од Одделението за уметност.

За почесни членови на МАНУ се избрани проф. д-р Трајче Стафилов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Владо Поповски во Одделението за општествени науки.

Од Академијата и раководството изразуваат големо задоволство од квалитетот на новоизбраните членови и им посакуваат продолжување на успешната работа во насока на унапредување на науките и уметностите.

Со нивниот избор се зајакнува работниот карактер, како и капацитетот на МАНУ да придонесе кон дефинирање на стратешките насоки за развојот на државата. Со успешното завршување на 21-то Изборно собрание на МАНУ се заокружува изборниот процес што започна на почетокот од оваа година, што сведочи за вниманието и сериозноста со кои се пристапува кон изборите на нови членови во највисоката научна институција во нашата држава, стои во соопштението од Академијата.

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Скопје наскоро ќе добие нов мултифункционален комплекс ТРИАНГЛА, современо место за уживање

Лоциран во општина Гази Баба, со влез на булеварот „Александар Македонски“, комплексот претставува нов современ концепт на малопродажен парк во источниот дел на Скопје. Инспириран од европските модели на отворени трговски комплекси, хотелиерство и урбани содржини за секојдневно уживање, проектот има цел да создаде нова значајна градска дестинација за жителите на Скопје и посетителите од регионот.

Никола Петров Русински: Македонија не е српска, ниту грчка, ниту бугарска! – Македонија е на Македонците!

„Македонија не е ниту српска, ниту грчка, ниту бугарска, ниту турска! Македонија е на Македонците!“ – порачал во почетокот на јули 1901 година Никола Петров Русински, кој во македонската национална историја останува запаметен како близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери, но и како еден од основачите на четничкиот институт на Македонската револуционерна организација (МРО). Целиот живот го посветил на идејата „Македонија за Македонците“. Русински бескрајно многу ја сакал својата татковина, велел дека за него „цела Македонија му била роден крај“. Денес се навршуваат 83 години од неговата смрт.

Рама: „Мајката“ Урсула да не ги заборави своите „седум деца“ од Западниот Балкан! Неодржливо е да не сме на масата каде што се одлучува!

Европа денес има потреба од Западен Балкан колку што и ние имаме потреба од неа, а можеби и повеќе. Нашиот регион е во многу подобра позиција отколку пред неколку години и време е политички да стане дел од европското семејство, изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Еуроњуз Србија“. Тој смета дека земјите од Западен Балкан повеќе не треба да бидат оставени настрана од европските процеси.

To top