Бизнис

Грција за 20 години обезбеди американски течен гас

По енергетскиот пат Грција, Бугарија, Романија и Молдавија, течен гас ќе се испорачува во Украина

 

На конференција во Атина, американскиот министер за енергетика Крис Рајт изјави дека Грција станува влезна точка за Европа за трговијата со енергија од САД.

По енергетскиот пат Грција, Бугарија, Романија и Молдавија, течен гас ќе се испорачува во Украина, нагласија експертите во коментар.

Почетната точка ќе биде терминалот на островот Ревитуса по новиот вертикален коридор.

Бугарија, покрај тоа што е транзитна земја, ќе добива и доволно гас, што ја гарантира нејзината енергетска безбедност. Договорот ќе го користи и новиот терминал за течен гас во близина на Александрополис, од кој Бугарија поседува 20% од акциите.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

Најнови вести

To top