Бизнис

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

Винаријата „Монтеко“ од оваа година започнува нова традиција, доделување на почесно признание „Монтеко вински витез“ на луѓето што оставиле значајна трага во развојот и успехот на оваа винарија. Станува збор за посебно одликување што ќе го добијат избраните вински витези на „Монтеко“.  Почесната титула е наменета за трајни или исклучително значајни заслуги во развојот и афирмацијата на „Монтеко“. Таа ќе се доделува на создавачи и промотори на виното, деловни партнери и соработници, како и на јавни личности од општествениот живот кои придонеле за препознатливоста на винаријата и за унапредувањето на винската култура, гастрономијата и туризмот кои се поврзани со овој бренд.

  • Со ова признание, сакаме да им оддадеме почит на оние што се нераскинлив дел од успешната приказна на „Монтеко“, односно на луѓето кои со својата работа и посветеност помогнале винаријата да го гради својот идентитет, да ги реализира своите амбиции и да го унапредува винскиот сектор во земјава. Тоа е наш начин за да ја искажеме нашата благодарност кон оние што се најзаслужни за трајните вредности што ги создава оваа винарија – велат од „Монтеко“.  

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

Од „Монтеко“ истакнуваат дека првото доделување на признанието „Монтеко вински витез“ ќе ги постави темелите на една убава традиција што ќе се негува и во иднина. За „Монтеко“, тоа е начин да ги зачува и вреднува исклучителните соработки и да го истакне уверувањето дека луѓето што придонесуваат за нејзиниот успех заслужуваат трајно признание.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

Предлогот да се исплаќа плата по работен час прифатлив за КСС, Владата вели треба да се разгледаат и да се изанализираат сите предлози

Идејата да се плаќаат вработените по работен час, што ја изнесе Сојузот на стопански комори, е прифатлива и за Конфедерацијата на слободни синдикати. Оттаму велат дека време е да се смени методологијата за пресметка на платите. Владата искажува став дека се отворени за дијалог и разгледување на сите предлози, но дека треба да се направат анализи.

Народната банка ги одбележува Светскиот ден на штедењето и Деновите на финансиската писменост

Народната банка веќе четиринаесетта година го одбележува Светскиот ден на штедењето. Деновите на финансиската писменост се одржуваат по десетти пат и се во организација на финансиските регулаторни институции  ̶  Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија.

Најнови вести

To top