Македонија

МВР предупредува: Лажни е-маилови во име на БЈБ – не отворајте!

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги предупреди граѓаните да бидат екстремно внимателни и никако да не отвораат лажни електронски пораки што лажно се претставуваат како испратени во име на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ).

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги предупреди граѓаните да бидат екстремно внимателни и никако да не отвораат лажни електронски пораки што лажно се претставуваат како испратени во име на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ).

Според соопштението на МВР, до неколку граѓани пристигнале лажни покани за наводна тековна истрага, во кои сторителите се претставуваат како официјални лица. Во пораките се бара во рок од 24 часа да се јави примачот во полициска станица или да испрати повратен е-маил, со тврдење дека е предмет на кривична истрага за сериозни дела како детска порнографија, педофилија и трговија со дрога.

„МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажни пораки кои не се испратени од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните, со цел нивна понатамошна злоупотреба. Покани до граѓаните за истражни постапки од страна на МВР не се испраќаат преку е-маил адреси“,
се нагласува во соопштението.
МВР апелира:

Не отворајте ги ваквите пораки.
Не контактирајте го испраќачот.
Никако не споделувајте лични податоци.
Не кликајте на линкови или прилози од непознати испраќачи – ризик од малициозен софтвер.

Овие измами се дел од глобалниот тренд на фишинг напади, каде што сторителите користат страв и итност за да ги измамат жртвите. МВР повикува на пријавување на сомнителни пораки на cybercrime@mvr.gov.mk или на телефон 192.

Најнови вести од: Македонија

Пендаровски ја демантира „одлепената“ изјава на Фрчкоски и му порача да си го провери квалитетот на изворите со кои се дружи

Поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, остро возврати на изјавата на Љубомир Фрчкоски дадена во емисијата „Во Центар“, во која Фрчкоски во негативен контекст го споменува неговото име.

Дури 22,2 милони евра за наука во 2026 година – за што ќе се трошат?!

Министерството, оваа календарска година преку 3 повици за распределба на средства ја стимулираше реализацијата на научно-истражувачки проекти на јавните универзитети, факултетите и научните установи, на МАНУ и на бизнис-заедницата, кои се во корелација со целите од Стратегијата за паметна специјализација на Македонија. Проектите успешно се реализираат.

Награда „Константин Философ“ за проф. д-р Љубомир Цуцуловски

Едногласната одлука за добитникот ја донесе Комисијата за доделување на наградите, во состав: академик Витомир Митевски (претседател), проф. д-р Иван Џепароски и проф. д-р Анета Маркоска Чубриновска (членови)

Јанкуловски: СДСМ е пред смрт, поради разбојништва во минатото, грабеж, корупција, предавства и продажба на националните интереси!

„Природно беше дека ќе се соочи СДСМ со своето политичко исчезнување еден ден. Оваа политичка смрт мораше да се случи.“ – нагласува професорот д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов со „Хроника на една најавена политичка смрт“, која ја објави новинската агенција „Нетпрес“.

To top