Македонија

Кој полицаец крадел кабли од скопска „Железара“?! МВР бара притвор

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог на осомничениот полициски службеник да му биде одредена мерка притвор.

Основното јавно обвинителство Скопје обезбедило докази кои даваат основано сомнение дека полициски службеник вработен во Министерството за внатрешни работи бил соучесник во кражбата на повеќе километри високоенергетски и среднонапонски кабли во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје. Како што информираа од Јавното обвинителство вечерва, ОЈО Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против полицискиот службеник за кривичното дело тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик (КЗ).

Станува збор за проширување на постапката за кражбата за која пред десетина дена Обвинителството поднесе обвинение против три лица.

  • „Сите тие се товарат дека заедно од објектот на „Полуконти –ИГМ“ и подземните тунели низ кои поминуваат кабли за напојување со електрична енергија одзеле повеќе километри високоенергетски и среднонапонски кабли во сопственост на оштетените правни лице АД ЕСМ – Електрани на РСМ – Подружница енергетика Скопје и МакСтил АД Скопје во вкупна вредност од околу 440 илјади евра“, велат од ОЈО.

Според краткиот опис на делото, осомничените откако со апарат ќе се увереле дека каблите не се под напон, со батериска брусалка ги сечеле и ги складирале до влезот од тунелите. Поради нивните дејствија, како што додаваат од Обвиниттелствоот, на 9 април годинава настанал и пожр во трафостаницата ТС „Југ“ со што била предизвикана и дополнителна штета на јавните инсталации и за чие санирање биле потребни повеќе од 100 илјади евра.

Дополнително, поради кражбите не било реализирано и планираното производство и дистрибуција на електрична енергија кон крајните корнисници во периодот на санација на дефектите што чинело 60 илјади евра.

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог на осомничениот полициски службеник да му биде одредена мерка притвор.

Тројцата негови соизвршители против кои претходно беше покренато обвинение исто така се обезбедени со мерка притвор по предлог на Обвинителството, поради опасноста од бегство, можноста за влијание врз сведоци и ризикот да го повторат делото.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top