Македонија

Данела е бучна и нервозна, се ближи правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Сите надлежни институции мора да се посветат на цунамито кое го остави Данела Арсовска

Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ѝ посакуваме да се надмине себеси и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите демони не е лесна, и ѝ посакуваме среќа. Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Видовме дека подобро и поинакво Скопје може да функционира, се додава во соопштението.

„Сите надлежни институции мора да се посветат на цунамито кое го остави Данела Арсовска“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Орце Ѓорѓиевски открива шокантни детали за комуналното претпријатие и за ЈСП

Сега веќе поранешната градоначалничка на Скопје, во статус на Фејсбук, нервозно го повика новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски на ТВ-дебата во врска со наодите што ги изнесува Ѓорѓиевски за криминал и неправилности во јавните претпријатија со кои раководеа кадри што го поставуваше Арсовска.

 

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top