Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

Вознемирувачка снимка од булеварот Партизански одреди во Скопје се шири на социјалните мрежи. На видеото се гледа автомобил кој се движи во спротивна насока од останатиот сообраќај, директно загрозувајќи ги другите учесници во сообраќајот, пренесе Плусинфо. На снимката се забележува како возилото се движи по булеварот, а во еден момент ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили кои доаѓаат од спротивната насока. По разминувањето, возачот повторно забрзува и продолжува да се движи во истата насока.

Видеото предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што граѓаните предупредуваат на сериозната опасност од вакво несовесно однесување. Движењето во спротивна насока на булевар со интензивен сообраќај може да доведе до директен судир со други возила и да ги загрози животите на возачите и патниците.

Случајот отвора и прашање дали опасното возење е регистрирано преку системот „Безбеден град“, како и дали МВР може да го утврди идентитетот на возачот врз основа на снимката. Од Министерството за внатрешни работи се очекува информација дали евидентирале ваков прекршок, дали веќе постапуваат по објавеното видео и дали ќе бидат преземени мерки против возачот.

Најнови вести од: Македонија

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

Охриѓани со порака: Насилството не е проблем на една личност, тоа е заеднички проблем

Љупчo Ѓорѓиески, таткото на 26-годишна Сара Ѓорѓиеска која нејзиното момче Кристијан Корабоски на 15 ноември ја претепа до бесознание и ја остави на улица во Охрид, денеска со нејзина фотографија на која ѝ се гледаат модрици по лицето се приклучи на охридскиот протест против насилството врз жените и фемицид.

(Видео): Избрана трасата за експресниот пат Кочани-Виница-Делчево, камен-темелникот в година, рече премиерот

По јавната расправа е избрана една од двете разгледани варијанти и дека апликацијата за проектот е веќе поднесена пред меѓународните финансиски институции.

Micro RGB: пристигна супер-автомобилот помеѓу телевизорите

Секоја индустрија има свој врв. Автомобилската индустрија ги има супер – спортските автомобили, а светот на телевизорите сега го има Micro RGB. Најновата водечка технологија на “Samsung“ ја носи најчистата боја што компанијата досега ја прикажала, со посебен фокус на удобноста при гледањето.

To top