Македонија

Пациенти чекаат со месеци за преглед, а опрема скапува во подрум – Докторите бараат итна реформа

Ревизорскиот извештај кој покажа дека 32 проценти од скапата медицинска опрема во јавното здравство не се користи доволно или “скапува” во болнички подруми е загрижувачки за цела јавност – Оценуваат докторите, пренесува ТВ Алфа. Според д-р Чолакова Дервишива овој фрапантен податок кој покажува дека опрема вредна речиси 19 милиони евра стои неискористена е резултат на […]

Ревизорскиот извештај кој покажа дека 32 проценти од скапата медицинска опрема во јавното здравство не се користи доволно или “скапува” во болнички подруми е загрижувачки за цела јавност – Оценуваат докторите, пренесува ТВ Алфа.

Според д-р Чолакова Дервишива овој фрапантен податок кој покажува дека опрема вредна речиси 19 милиони евра стои неискористена е резултат на непланска набавка на опрема години наназад, и мора да се направи итна реформа во здравството, а приоритет да бидат новите вработувања на стручни лекари специјалисти. Таа вели дека недозволиво е пацинтите да чекаат со месеци термини за ехо на дојка, компјутер или мамографија, а дел од новите апарати да стојат во подруми.

Голготата на пациентите што чекаат термини затоа што не функционираат апаратите и нема кој да ги управува мора да престане – велат матичните. Тие се децидни дека Македонија има стрчен кадар само треба правилно да биде распределен. Според нив, децентрализацијата на здравствените услуги ќе го олесни патот на пациентите за нивното лекување.

Реакциите на лекарите доаѓаат по извештајот на ДЗР каде што е утврдено дека поради необезбедени кадровски и просторни услови набавените скапи апарати воопшто не биле ставени во функција, а други пак, не се користат во полн капацитет. Станува збор за компјутерска томографија, ангиографи, акцелератори, мамографија, и пет скенер – дијагностички процедури за кои многу тешко се доаѓа до термин. Анализата на ДЗР која се однесува на 3 годишен период од 2021-2023 –та покажува дека од 9 скапо платени акцелератори за зрачна терапија на онколошки пациенти кои чинат речиси 22 милиони евра, 5 воопшто не се ставени во функција два на Онкологија, и по еден во ГОБ “8 септември” и Клиничките болници во Штип и Битола.

Извор: https://alfa.mk/nedozvolivo-e-paczientite-da-chekaat-a-aparatite-da-skapuvaat-doktorite-baraat-itna-reforma-po-shokantniot-revizorski-izveshtaj/

Најнови вести од: Македонија

Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, вчера и денес учествува на редовниот состанок на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од земјите членки на НАТО и партнерите. На состанокот, со кој претседава претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, во текот на вчерашниот ден обраќање имаше […]

Македонија меѓу лидерите по онлајн купувачи, но сè уште каска со вештачката интелигенција

Растот на е-трговијата сам по себе не е доволен и го отвора прашањето дали економијата е подготвена за следната фаза – е-трговија поддржана од вештачка интелигенција. ВИ веќе има клучна улога во онлајн трговијата преку персонализирани понуди, паметен дигитален маркетинг, оптимизација на логистика, управување со залихи и откривање измами.

Новиот Закон за пушење не е применлив кај нас, реагираат производителите на цигари

Двете држави се разликуваат по многу параметри. Во Македонија суровиот тутун е стратешка земјоделска култура, чии одгледување, производство и откуп се стимулирани од државата, а во земјата активно работат и две фабрики за производство на тутунски производи, кои имаат голем удел во приходите на државниот буџет, извозниот капацитет и вработуваат македонски граѓани, се вели во реакцијата против новиот предког-закон.

Клековски најави процентуално зголемување на платите во јавното здравство од март

„Остануваме посветени и со силна поддршка за натамошно зголемување на платите во здравстевниот сектор во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа.“ – изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сако Клековски, на денешната прес-конференција во Владата.

To top