Македонија

Ѓорѓиевски ја повика Финансиската полиција во Град Скопје: Истрага за злоупотреби во ЈПП

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари работен состанок со претставници на Финансиската полиција за да се испитаат можните злоупотреби во работењето на повеќе градски јавни претпријатија

facebook.com/1OrceGj

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари работен состанок со претставници на Финансиската полиција за да се испитаат можните злоупотреби во работењето на повеќе градски јавни претпријатија. Во интервју за МТВ1, тој изјави дека во интерес на истрагата не може да открива детали, но нагласи дека цврсто стои зад сите информации што досега ги објавил во јавноста.

Претходно, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски го повика градоначалникот да ги пријави сите случаи на злоупотреби во Јавното обвинителство и да достави докази, доколку располага со нив.

Ѓорѓиевски потсети дека од списоците на вработени во јавните претпријатија биле избришани околу 500 лица кои земале плата без да доаѓаат на работа – тешко прекршување на Законот за работни односи и на работната дисциплина. – Станува збор за луѓе кои не биле ангажирани на реални работни задачи, туку им било дозволено да ја злоупотребуваат институцијата. Градот губел по околу пет милиони евра годишно, што за четири години изнесува околу дваесет милиони евра – колку што чини новиот Луна парк што го чекаат генерации скопјани – рече Ѓорѓиевски.

Тој најави дека во разговорите со надлежните институции побарал да се утврди не само индивидуална, туку и командна одговорност – односно, покрај лицата кои земале плата без да работат, да одговараат и оние кои ги потпишувале исплатите, како и директорите што го одобрувале ваквото постапување.

Најнови вести од: Македонија

Памер: Вториот протокол не е дел од Преговарачката рамка за Македонија (ВИДЕО)

Бугарија може да биде опомената од земјите членки на Европската Унија доколку се обиде да го користи Вториот протокол меѓу Скопје и Софија од јули 2022 година како услов за земјава за продолжување на нејзиниот евроинтегративен пат, бидејќи тој не е дел од Преговарачката рамка со ЕУ

To top