Македонија

Земале плата од Град Скопје, а не оделе на работа – на платен список и затвореници

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, излезе со сериозни обвинувања за случувањата во јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Според него, во ова градско претпријатие биле евидентирани лица кои воопшто не извршувале работни обврски, а меѓу нив имало и затвореници.

Скандал по скандал во Град Скопје. Затвореници биле на платен список на Комунална хигиена откри градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски откако претходно обвини дека имало низа злоупотреба во ова јавно претпријатие.

  • Тоа се лица кои што со месеци, некои со години не оделе на работа а земале плата. Има таму лица, во интерес на истрагата не можам во детали да зборувам, кои што дури се наоѓаат во куќен притвор или се затвореници. Замислете, а земале плата од Градот Скопје. Има под интелектуални услуги активирано камиони со астрономски суми, исплата на физички лица кои што работеле наводно за Комунална хигиена – рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека истрагата може да води и до повисоки институции, како што е Град Скопје, и дека за тоа ќе остави Финансиската полиција да си ја заврши работата.

Претходно, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски го повика градоначалникот доколку има такви докази да поднесе кривична пријава во МВР или да ги донесе тие документи во Јавното обвинителство.

  • Ќе го направам тоа. Јас немам намера никого да го штитам вклучувајќи се и себе си. Секој што направил одредени прекршувања, за тоа треба да одговара. И тука треба законот да биде јасен за сите, но и постапувањето треба да биде подеднакво за сите – рече Ѓорѓиевски.

Поранешната градоначалничка Данела Арсовска вчера на обвинувањата на Ѓорѓиевски рече дека лаже и го повика да ги објави со име и презиме сите 500 вработени за кои тврди дека не оделе на работа. Ѓорѓиевски за ова рече дека немал проблем да ги објави, а за повикот на Данела да се соочат на ТВ дуел, тој рече дека таа треба да комуницира со други институции а не со него.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“

Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, туку правда и зачувување на својот македонски идентитет

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

To top