Македонија

Министерката за енергетика во посета на лабораторијата за проверка на броила на Електродистрибуција

Проверка на исправноста на броилата по барање на корисниците

Телото за инспекција на броила за електрична енергија на Електродистрибуција кое е акредитирано по меѓународни стандарди и служи за метролошко испитување на броилата, денес беше посетено од Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска.

Ова тело врши проверка на исправноста на броилата побарање на корисниците. Неговата работа опфаќа редовна и вонредна проверка на броилата, метролошка контрола на нивниот квалитет, како и вонредна инспекција на исправноста на броилата (А-тест) со цел да се обезбеди точност, сигурност и доверливост при мерењето на потрошената електрична енергија.

Посетата произлезе по реализација на 13-тата редовна надзорна оценка на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија и Бирото за метрологија при Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, кои повторно годинава потврдија дека Телото за инспекција на броила целосно ги исполнува барањата на меѓународниот стандард МКС ЕN ISO/IEC 17020.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, во придружба на директорот на Бирото за метрологија, г-дин Седад Рушани, ја разгледаа опремата што се користи во лабораторијата, вклучувајќи ги и седумте современи испитни станици произведени од германската компанија ЕМХ. Тие се запознаa со професионалниот тим којсекојдневно обезбедува прецизни, сигурни и транспарентни метролошко испитувања на броилата.

„Нашата земја располага со висококвалификувани лаборатории кои работат според највисоките меѓународни стандарди. Прецизното испитување на броилата е клучен сегмент во создавање доверба кај потрошувачите, бидејќи секој граѓанин треба да биде сигурен дека плаќа за реално потрошена енергија. Резултатите од последната надзорна оценка потврдуваат дека Телото за инспекција на броила на Електродистрибуција е пример за професионализам и транспарентност.

Ваквите лаборатории мора да бидат модерни, сертифицирани и кредибилни, за граѓаните да знаат дека постои место каде можат да ја проверат исправноста и точноста на своето броило. Тоа е прашање на фер однос, доверба и јавен интерес.“ порача Божиновска.

Менаџерскиот тим на Електродистрибуција, нагласи дека компанијата ќе продолжи да вложува во развој на технологијата и обуката на стручниот тим со цел да ја задржи високата прецизност и објективност во процесот на испитување на броилата со највиски стандарди наквалитет.

Од 2012 година кога Телото за инспекција на броила првпат било акредитирано, компанијата успешно ја обновува акредитацијата пред највисоките државни тела, секогаш со позитивна оценка.

„Во Електродистрибуција вложуваме во знаење, технологија и системи кои обезбедуваат точност и објективност во процесот на испитување на броила. Во овој процес секој детал е важен, од најсовремената опрема до стручноста на тимот кој стои зад секоја проверка.“истакна менаџерскиот тим на Електродистрибуција.

Тимот на Електродистрибуција пред присутните детално ја презентираа технологијата, процесите и постапките кои се практикуваат во насока на спроведување на активностите поврзани со проверка и метролошко тестирање на броилата.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Чествувањето на 23 Октомври во рамките на политичкиот дискурс во Македонија служи како инструмент за мобилизација на јавното мнение и потсетување на колективната меморија. Политичките елити го користат овој историски датум не само за оддавање почит кон жртвите од минатото, туку и за легитимирање на сопствените политички агенди поврзани со реформите, европските интеграции и заштитата на националните интереси.

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Најнови вести

To top