Македонија

Според бугарски европратеник, ветото за Македонија во ЕУ не било од Бугарија, ами од Мицкоски?!

Кристијан Вигенин, европратеник од Бугарската социјалистичка партија (БСП), го посочи македонскиот премиер Христијан Мицкоски како причина за блокираната евроинтеграција на Македонија. „Ветото за членството на Република Северна Македонија во Европската унија (ЕУ) е на премиерот Христијан Мицкоски и неговата влада, а не на некој друг во моментов“, изјави Вигенин за Бугарската телеграфска агенција (БТА) во […]

Кристијан Вигенин, европратеник од Бугарската социјалистичка партија (БСП), го посочи македонскиот премиер Христијан Мицкоски како причина за блокираната евроинтеграција на Македонија.

„Ветото за членството на Република Северна Македонија во Европската унија (ЕУ) е на премиерот Христијан Мицкоски и неговата влада, а не на некој друг во моментов“, изјави Вигенин за Бугарската телеграфска агенција (БТА) во кулоарите на Европскиот парламент во Стразбур.

Поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија изрази мислење дека Мицкоски „не сака искрено Македонија да биде дел од ЕУ“.

„Мицкоски е горд наследник на претходниот премиер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој ја користеше истата тактика – да обвини некој друг за земјата да не може цврсто да тргне по патот на европската интеграција“, истакна Вигенин, додавајќи дека вакви интерпретации постојано се прават во Македонија, но Бугарија не става вето.

Аргумент за тоа, според Вигенин, е дека ветото е отфрлено во 2022 година, кога Бугарија дала зелено светло за преговори со Скопје.

„Она што треба да го направат за да го продолжат процесот, што би можело да се случи многу брзо, е да ги вклучат Бугарите не само во преамбулата, туку и во другите членови од Уставот како еден од народите во Северна Македонија“, објасни бугарскиот европратеник.

Најнови вести од: Македонија

Урнебесна репортажа од Карпош и „успесите“ на Стевчо Јакимовски (ВИДЕО)

Фокусот е на „успешните“ иницијативи кои го подобриле квалитетот на животот на граѓаните, како што се изградбата на нови катни гаражи, паркови и градинки, како и довршувањето на долгогодишни обврски како фасадите на згради.

Дури 477.000 луѓе работат на црно, а имаат бесплатно здравствено осигурување

Луѓето немаат регистрирани приходи во земјата и се квалификуваат за бесплатна здравствена заштита. Поради тоа Фондот трпи штети и по основ на приходи за здравствено осигурување и по основ на повеќе исплатени капитации зашто бројот на осигуреници е основ за плаќање на матичните лекари.

Мицкоски: Карпошани избраа да не поддржат човек кој е на црната листа на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање околу заедничката фотографија на Маја Мојсовска и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош Сотир Лукровски и дали постои договор за поддршка

To top