Бизнис

Моторот на економијата – градежништвото, пораснало за 9% во споредба со лани, услугите за 6,1%

Крупните капитални проекти се реализираат со одлична динамика, а фокусот во следниот период треба да се стави на малите и средни градежни фирми, вели вицепремиерот и министер за транспорт Николоски. Рече дека директната помош на Владата кон општините изнесува преку 500 милиони евра.

Македонското градежништво мора да расте. Првите бројки се многу оптимистички бидејќи првото полугодие споредено со минатата година бележиме раст во градежништвото од 9 %, а растот на услуги по транспорт е 6,1 % и тоа е далеку над растот кој го има државата. Вака објасни вицепремиерот Николоски во интервјуто на „Топ Тема“. Тој истакна дека крупните капитални проекти се реализираат со одлична динамика, а фокусот во следниот период треба да се стави на малите и средни градежни фирми. Директната помош на Владата кон општините изнесува преку 500 милиони евра.

  • За да потикнеме еконoмски развој таков како што сакаме, почнавме на подржување на општините. Тоа со децении се зборуваше и еве сега се подржуваат. Средствата се дел од Светска банка, дел од буџет, лани 100 милиони евра, оваа 250 милиони евра подршка. Ако на тоа додадеме програми на неколку други министерства стигнуваме до 500 милиони евра – вели Николоски.

Вицепремиерот и министер за транспорт потенцира дека Владата се соочува со проблем каде градежните фирми не можат да ја следат бројноста и динамиката на проектите што ги нуди Владата.

  • И сега се соочуваме со ситуација дека тие проекти не можат да се реализираат бидејќи изведувачите што ги добиле тие проекти не работат согласно темпото во договорот. Ние за првпат имаме ситуација да имаме пари, а фирмиве да не ја следат амбицијата на Владата. И прифаќам објективен одговор од компаниите дека децении наназад градежниот сектор бил запоставен и дека не можат да растат повеќе од 15 до 20% годишно. Тоа што не го прифаќам е како се нафаќаат за работа којашто не можат да ја испорачаат – вели вицепремиерот Николоски.

Тој истакна дека континуирано се води дијалог меѓу Стопанските комори и Владата со цел да се постигне баланс и да се надмине оваа состојба.

Најнови вести од: Бизнис

Вицегувернерката Митреска: Народната банка ја зајакнува поддршката за жените во економијата и претприемаштвото

Во услови на забрзана технолошка трансформација и развој на вештачката интелигенција, неопходни се соодветни политики за заштита и унапредување на родовата еднаквост на пазарот на труд. Според некои процени, околу 75% од работните места на жените се во занимања со висока изложеност на вештачка интелигенција, што укажува на потребата од навремено приспособување и дополнителна поддршка.

Народна банка одбележува 34 години монетарна самостојност и 80 години централнобанкарскo работење

Овој значаен јубилеј се одбележува во годината кога Народната банка слави и 80 години централнобанкарско работење во земјава. Двојниот јубилеј претставува потврда за континуитетот, институционалната зрелост и посветеноста кон стабилноста и развојот на финансискиот систем.

(Видео): Активно се работи на Коридор 8, во фокус и патиштата и железницата

Коридорот 8 се гради со полна пареа. Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за скоро треба се објави и тендерот за избор на изведувач, што значи дека летово ќе почнат работите на терен. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на состанок со претставници на делегацијата на европската унија ги дискутираат следните чекори.

To top