Македонија

Ќе се плаќа повеќе за пратки од „Тему“ и „Алиекспрес“, Предлог-законот го мина првото читање

Ерата на евтини онлајн нарачки од странство полека станува минато. Предлог-измените на Законот за данок на додадена вредност (ДДВ), со кои се укинува ослободувањето од данок за пратките со вредност до 22 евра, ја поминаа првата фаза на разгледување во собраниските комисии.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност го помина првото читање пред собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Целта на измените и дополнувањата, поднесени од Владата, е да се извриши ослободувањето од данок на додадена вредност за увоз на пратки со мала вредност испорачани од странство за примачи во земјата, чија вкупна вредност по пратка не надминува 22 евра во денарска противвредност, а се пропишува ослободување од плаќање данок на додадена вредност за добра пратени како мали пратки од некомерцијална вредност, од физичко лице на физичко лице, чија вредност не надминува 22 евра. Притоа, ослободувањето не се применува за алкохол и алкохолни пијалаци, парфеми и тоалетна вода и тутун и преработки од тутун.

  • Со денот на влегувањето во сила на измените и дополнувањата од Законот за данокот на додадена вредност се брише ослободувањето од данок на додадена вредност за увоз на пратки со мала вредност испорачани од странство за примачи во земјата чија вкупна вредност по пратка не го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност. Дополнително, се пропишува ослободување од плаќање на данок на додадена вредност за добра пратени како мали пратки од некомерцијална вредност, испратени од физичко лице на физичко лице, чија вредност не надминува 22 евра, се наведува во образложението.

Според измените и дополнувањата, при увоз на добра од плаќање данок на додадена вредност се ослободуваат: патници кои доаѓаат од странство, за предмети наменети за нивни лични потреби за време на патувањето во странство (личен багаж), а кои не подлежат на какви било важечки ограничувања или забрани, без оглед на тоа дали ги носат со себе или истите ги дале на превоз на превозник, домашни патници, за други предмети со мала вредност покрај предметите од личниот багаж, кои ги внесуваат од странство, а кои не се од комерцијална природа.

Ослободувањето од оваа точка не се применува за домашни патници кои влегуваат повеќе од еднаш во тековното деноноќие во царинското подрачје.

Пред Комисијата беше и Предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија – Скопје, во прво читање.

Најнови вести од: Македонија

Транспаренти и графити низ Чаир заради „политичко мобилизирање“: Време е да ги направиме Албанците повторно господар на куќата!

„Денес во раните утрински часови, на неколку улици во општина Чаир во Скопје се појавија графити и пароли со политичка содржина. На натписите пишуваше: ‘Време е да ги направиме Албанците повторно господар на куќата!“ – оваа вест ја објави денес весникот на албански јазик „Лајм“ од Скопје.

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Откако сме како Влада избрани до сега, ги имаме регулирано односите со нашите колеги во најголем дел. Кога ќе кажам во најголем дел, тоа е 95 па и повеќе проценти, преку колективни договори кои што имаат краен рок на реализирање до 2028 година, изјави претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната седница на Економско-социјалниот совет.

Грчкиот премиер Мицотакис би можел да ја посети Македонија во наредниот период

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во следниот период би можел да ја посети Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на информации од дипломатски и политички кругови во Атина.

Дурмиши: Се чека став на работодавачите и на синдикатите за минималната плата и потрошувачката кошничка

Во однос на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата, го повтори ставот дека Владата ќе го поддржи секое решение што ќе го договорат работодавачите и синдикатите

To top