Македонија

Засилена контрола на продавачите на храна во близина на училиштата

Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена

 

Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи.

Акцент со контролите беше ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( основни и средни) од  каде учениците најчесто купуваат храна.

Со спроведените контроли утврдено е дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдени незадоволителни хигиенски барања за безбедност на храната, а од вкупно контролираните, 26 не биле регистрирани како опратори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Шеснаесет оператoри немале имплементирано  процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица. Тројца оператори немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а 7 од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Несоодветно означена храна со контролите била затекната кај седуммина оператори со храна.

За утврдените недоследности изречени се и парични казни за 77 оператори, во вкупна вредност од 36.470 евра во денарска противвредност. Издадени се 103 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности и изречени се и 23 опомени.

Најнови вести од: Македонија

Ангелов: Сѐ уште има опасна бактерија во водата во Гостивар, предизвикува инфекции на кожата, очите и ушите

„Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и готвење, иако состојбата постепено се подобрува.“ – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

ВМРО ДПМНЕ: СДС нудат нови идентитетски отстапки и национални предавства, за да бидат донесени на власт од странски агентури, како некогаш Заев!

„СДС на чело со Венко Филипче се препозна самиот дека е талогот кој, како сидро го влече народот во нихилизам (убедување дека нештата немаат никаква цел ниту значење – ред.заб.) и убивање на надежта. Се нудат и договараат да спроведат нови идентитетски отстапки и национални предавства, само за да бидат донесени на власт од странски агентури“ – ги обвинува ВМРО ДПМНЕ лидерот Венко Филипче и неговите сопартијци.

Скандалозно писание на Буџови: „Илинденското“ востание ги штитеше бугарските интереси и беше во спротивност со проектот за создавање обединета Албанија?!

„Илинденското’ востание ги штитеше бугарските интереси. Тоа беше во спротивност со интересите на албанското национално движење и барањата на ‘Албанската Призренска лига’ и ‘Лигата од Пеќ’ за создавање обединета Албанија.“ – ова го наведува косовскиот историчар Јусуф Буџови во неговото противмакедонско писание во вид на некаква колумна. Toa беше објавено „пригодно“ нималку случајно токму вчера, на 2 август, на денот кога македонскиот народ го слави Илинденското востание, еден од најголемите државотворни празници во својата национална и политичка историја. Овие скандалозни наводи на Буџови се не само негов обид да се понижат македонскиот народ и македонската револуционерна борба за слобода, туку и намера да се прикажат како бугарски македонската историја и Илинденското востание – ставови на иста линија како и ставовите на официјална Софија.

To top