Македонија

Контролорите на летање најавуваат штрајк, премиерот им порача дека не се плаши од закани

Реактивирање на штрајкот во М-НАВ најавија од Синдикатот на контролори на летање доколку не се усвојат нивните барања за поништување на последниот оглас за вработување на советници и кадри со завршено средно образование, како и барањата за реализација на сите неисполнети точки од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашниот штрајк. […]

Реактивирање на штрајкот во М-НАВ најавија од Синдикатот на контролори на летање доколку не се усвојат нивните барања за поништување на последниот оглас за вработување на советници и кадри со завршено средно образование, како и барањата за реализација на сите неисполнети точки од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашниот штрајк.

По најавата, стаса и категоричен одговор на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, дека „не се плаши од закани“ ги следат проблемите што се појавуваат повторно во државната компанија М-НАВ. До ова доаѓа откако реагираше Струковиот синдикат на контролорите на летање на неколку огласи за примање советници и техничари со средно образование наместо стручни кадри. Контролорите, кои го најавуваат штрајкот за 10 јули, реагираат за серија огласи за, според нив, непотребни вработувања, но и за нарушените односи во државната компанија М-НАВ, за што со писмено обраќање го предупредуваат Управниот одбор.

 Состојбата во М-НАВ е влошена како резултат на сериозно нарушените меѓучовечки односи, блокираните процеси за јавни набавки, неуспешната транзиција на нови технички системи, прекршувањето одредби од Колективниот договор, тајните и неосновани измени во систематизацијата, отворањето несуштински работни позиции и прераспоредувањето без почитување на актите на друштвото до раководството, како и непочитувањето точки од спогодбата помеѓу М-НАВ  и ССКЛ од 13.7.2023, која беше основа за ставање на штрајкот во мирување – се наведува во обраќањето.

Нивната реакција деновиве ја предизвикаа неколку огласи со кои, на пример, се бараа: оператор со четврти степен средно образование со плата од 66.269 денари во националниот Центар за трансмисија на податоците, авторизација и надзор на летовите; двајца гимназијалци без работно искуство со плата од 51.325 денари во Одделението за воздухопловни информации; техничар за климатизација и техничко одржување со личен доход од 50.179 денари; двајца помошници за развој, инвестиции и набавки.

Премиерот Христијан Мицкоски пак, за најавите на Синдикатот за реактивирање на штрајкот во М-НАВ вели дека вработените кои се закануваат со штрајк се истите кои направиле упад во институцијата.

Огласите биле распишани иако претходно Министерството за финансии дало согласност за прием на метеоролози и на инженери, кои се неопходни поради заминувањето на овој кадар во пензија. Синдикатот смета дека е ова продолжување на партиските вработувања што се непотребни, како што правеше претходното раководство на М-НАВ.

 Како се претворија тие инженери и метеоролози во советници и среднисти не ни е јасно и одговор треба да аде Управниот одбор со тројцата директори. Тие вработувања не одговараат на реалните итни и суштински потреби на компанијата. Огласите треба да се поништат, а евентуалното пополнување на работните позиции да се изврши преку прераспоредување на постојни вработени во М-НАВ, преку интерен оглас или со додавање работни задачи на недоволно ангажираните  вработени, како и одделенски реорганизации и рационално прераспоредување на постојниот кадар – потенцираат од Синдикатот.

За премиерот Христијан Мицкоски, причина за најавите за штрајк не е распишаниот оглас за вработување кадри.

– Не мислам дека е тоа причината, се закануваат оние што правеа упад и тепаа. Е сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, и тоа е. А ние од закани не се плашиме – рече Мицкоски.

Во јануари минатата година, еден вработен во М-НАВ, со уште неколкумина непознати, физички нападна тројца вработени во Контролата на летање на Скопскиот аеродром. Напаѓачите тогаш беа поврзани со партијата ДУИ.

Најнови вести од: Македонија

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

To top