Македонија

Николоски: Македонија одби кредит од Кина без камата, се решивме за Велика Британија како стратешки партнер

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Економскиот форум во Виена објави дека новата Влада веднаш по конституирањето добила понуда од Кина за бескаматен заем, под услов кинески компании да ги градат инфраструктурните проекти. Македонија сепак се одлучила за Европа и Велика Британија како стратешки партнер.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Економскиот форум во Виена објави дека новата Влада веднаш по конституирањето добила понуда од Кина за бескаматен заем, под услов кинески компании да ги градат инфраструктурните проекти. Македонија сепак се одлучила за Европа и Велика Британија како стратешки партнер.

„Кинезите дојдоа првиот ден и понудија заем без камата ако градиме со нив. Ние одлучивме дека е од витално значење да одиме со Европа, особено поради најсовремената железничка сигнализација што може да се користи и во други сектори“, рече Николоски.

Тој ги претстави најголемите тековни проекти:

  • Брза железница кон Грција (Коридор 10д): околу 2 милијарди евра
  • Автопати и експресни патишта на Коридор 8: околу 1,5 милијарди евра

За брзата пруга е обезбедено финансирање од Велика Британија во висина од 5 милијарди фунти (дел за овој проект), со поволни услови. Работите почнуваат напролет 2026, првата (товарна) фаза се очекува до 2028, а целосната пруга до 2031. Патничките возови ќе возат до 250 km/h, товарните до 140 km/h со возови долги 750 метри. Очекуваниот годишен приход од транзит по завршувањето е 120 милиони евра (од сегашни 12 милиони).

Николоски истакна дека со оваа пруга времето за транспорт на стоки од грчките пристаништа до централна Европа ќе се скрати од 24 на 21–22 дена, што ќе ги направи Солун и Пиреј поконкурентни од северноевропските пристаништа.

На Коридор 8:

  • Со Бугарија е потпишан договор за меѓуграничен железнички тунел
  • Веќе се градат три делници, се очекува тендер за последната во декември
  • Заедно со Бугарија се инвестираат околу 2 милијарди евра за поврзување Скопје–Софија–Бургас до 2031
  • Планирано е и железничко поврзување со Албанија за целосен Коридор 8 од Јадранот до Црното Море

„Ги користиме предностите на нашата геостратешка положба без излез на море – два паневропски коридори минуваат низ земјата. Ова е најамбициозната инвестициска агенда во историјата на независна Македонија“, заклучи Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top