Македонија

Гаши: Албанската азбука е наследство што ги отелотворува нашите корени

Мојата заложба останува јасна, дека албанскиот јазик треба да се третира со достоинство, еднаквост и почит на секое институционално ниво

facebook.com/AfrimGashiAlternAtivA

За мене лично, овој ден претставува гордост, а азбуката е наследство што ги отелотворува нашите корени и аспирации, се вели во честитката на Африм Гаши, претседателот на Собранието на Македонија по повод 22 Ноември – Ден на албанската азбука.

„Овој ден претставува еден од најважните моменти во историјата на албанскиот народ, кога беа поставени основите на унифицираната азбука, давајќи му на албанскиот јазик сила на единство и идентитет.

Како претседател на Собранието на Република С. Македонија, каде Албанците се државотворен народ и каде јазикот претставува уставно загарантирана вредност, албанскиот јазик го сметам за незаменлив елемент на нашата општествена кохезијa.

На сите Албанци каде и да се наоѓаат, честит 22 Ноември – Ден на албанската азбука“, е вели во честитката на Африм Гаши.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Речиси целосно пробиена трасата на булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево

По долгогодишно чекање, булеварот „Борис Трајковски“ конечно добива решение, со што се исполнува едно од најважните инфраструктурни очекувања на жителите од овој дел на Скопје.

„Комунална хигиена“ со 12 милиони евра долгови и 60% од возилата расипани

Државната ревизија ја прочешла документацијата за 2024 година на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје. Според наодите на ревизорите компанијата има проблем со наплататата на нивната услуга, потоа забележано е нерационално управување со залихите, но констатирана е и намалена ликвидност.

To top