Македонија

Бебе почина во кичевската болница

Полицијата и обвинителството ги преземаат сите потребни дејствија согласно процедурата.

Вчера во 22:10 часот, на детското одделение во Општата болница во Кичево во тешка здравствена состојба било донесено едногодишно бебе (родено 2024 година). И покрај итната медицинска помош и обидот за реанимација, детето, за жал, починало.

Лекарите констатирале смрт без видливи траги од насилство. По наредба на јавниот обвинител, телото е испратено на обдукција со цел да се утврдат точните причини за трагичниот исход.

Полицијата и обвинителството ги преземаат сите потребни дејствија согласно процедурата.

Најнови вести од: Македонија

Штип ги награди најдобрите ученици во општината

Општина Штип денеска на свечен начин ги промовираше првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Штип. По четврти пат се доделуваат прзинанија и парични награди за најдобрите ученици во една генерација. Градоначалникот на општина Штип,Иван Јорданов истакна дека со оваа манифестација се вреднуваат нивните постигнувања на државни и меѓународни натпреварувања

Д-р Рендевски: Органодарителството е висок морален и хуман чин

Проф. д-р Владимир Рендевски, неврохирург на Универзитетската клиника за неврохирургија, во видеообраќање, во рамките на националната кампања „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, упати апел до семејствата на потенцијалните донори да дадат согласност за органодарителство нагласувајќи дека станува збор за висок морален и хуман чин, кој спасува животи

Рудник Саса го одбележа Светскиот ден на животната средина со иницијатива за биодиверзитет и климатска акција

Рудник Саса и оваа година го одбележа 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина ( World Environment Day 2026 ), реализирајќи нова едукативна и еколошка иницијатива под мотото „Пријатели на биодиверзитетот – Чувари на природата и климата“ (#3BBuddies; #BeesBugsBirdsGuardians; #SasaForNature; #WorldEnvironmentDay), насочена кон подигнување на јавната свест за значењето на биолошката разновидност, зачувувањето на природата и потребата од климатска акција

To top