Македонија

Вработените на Триглав oсигурување учествуваа во пошумување во регионот на Демир Капија

Волонтерската акција за пошумување, во опожарените предели на Гоцева шума

Вработените на Триглав осигурување вчера беа дел од волонтерската акција за пошумување, во опожарените предели на Гоцева шума во близина на Демир Капија.

Со заеднички сили, волонтерите од Триглав Осигурување, извидниците од проектот Боренка и претставници на ЈП Национални шуми, посадија 5.000 садници багрем, поддржувајќи ја обновата на локалниот екосистем.

Елисавета Лукановска од Сојузот на извидници на Македонија посочи: „Боренка ја реализира својата петта есенска сезона на пошумување, што е знак за пет години континуирана работа, во кои низ државата успеавме да засадиме илјадници нови дрвја и да ги вклучиме младите, институциите и компаниите во заедничка мисија за обновување на опожарените подрачја. Особено сум горда што преку едукативните активности на Боренка успеавме да опфатиме и повеќе од 10.000 деца од основни училишта, за кои оваа тема е од клучно значење. Она што  во 2022 година почна како одговор на сериозните пожари, денес прераснува во национално движење, кое покажува дека со волонтерство, посветеност и вистински партнерства можеме да ја вратиме зелената боја таму каде што исчезнала.“

Учеството во акцијата претставува уште една потврда за континуираната посветеност на Триглав осигурување на одржливоста и заштитата на животната средина. Секогаш се трудиме нашите активности да имаат вистинска и долготрајна вредност – не само преку пошумување, туку и преку подигнување на свеста за значењето на превенцијата од шумски пожари и грижата за природата.

„Секоја акција за подобрување на животната средина носи со себе нова можност – да ја ревитализираме природата, да изградиме заедништво и да оставиме позитивен белег за генерациите што доаѓаат. Нашиот тим со посветеност и искрена желба придонесе за враќање на животот во овој опожарен предел, а партнерството со извидниците и ЈП Национални шуми е уште една потврда дека заедно можеме повеќе,“ изјави главниот извршен директор на Триглав осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Трагедијата во Кочани засекогаш ќе остане врежана во колективното сеќавање

Премиерот нагласи дека една година по трагедијата , нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат од трагедиите и да изградат посилен, побезбеден и похуман систем.

Муцунски: Успешно помогнавме во евакуација на наши државјани и на странски

Државата денес покажува институционален капацитет брзо и ефикасно да реагира во кризни ситуации, да ги заштити своите граѓани каде и да се наоѓаат, но и да им помогне на пријателските држави

Стојановски: Минималната плата ќе порасне толку колку ќе се договарат работодавачите и работниците

Усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, а Владата ќе ја поддржи одлуката.

По Јутјуб и Вимео го избриша документарецот на ИРЛ поради кражба на авторски права

,,Истражувачката лабораторија” која според преходна судска пресуда не смеела да се претставува како медиум се обидела видеото со украдени материјали да го објави на друга видео мрежа

To top