Македонија

На 26.11.1924 Конгресот на Социјалистичката партија на Грција го призна правото на Македонците за сопствена македонска држава

Социјалистичката партија на Грција го прифатила и го признала и правото на македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија за македонско национално и идентификациско самоопределување – право кое е оспорено по еден век со Преспанскиот договор.

На 26 ноември 1924 година на својот Трет вонреден конгрес Социјалистичката партија на Грција го прифатила и го признала правото на македонскиот народ за создавање сопствена македонска држава. 

На тој конгрес на грчките социјалисти учествувал и македонскиот револуционер Трифун Хаџијанев како делегат на воденската организација. Трифун Хаџијанев е роден е 1893 година во Воден, Егејскиот дел на Македонија. Хаџијанев бил прекален борец за македонската кауза и член на ВМРО (Обединета), каде што бил еден од првенците, а потоа и основач на месниот комитет на Комунистичката партија (КПГ) во неговиот роден град Воден.


Трифун Хаџијанев Бил репресиран од грчката власт, потоа е уапсен и затворен во логорот Хајдари, близу Атина. На 1 мај 1944 тој е убиен од профашистичката власт заедно со околу 200 македонски и грчки антифашисти.

Најнови вести од: Македонија

Министер Алиу: 50% од населението во Македонија се зависни од цигари

Министерот за здравство, Азир Алиу, во синоќешното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, истакна дека длабока анализа на постојната состојба покажала дека околу 50 отсто од популацијата во Македонија е зависна од цигари

To top