Македонија

Време е за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан – Сиљановска-Давкова на Балканскиот форум за интеграција 2025

Членството во ЕУ е најдобриот начин за отпорност на регионот на трети центри на моќ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Подгорица упати порака до Европската Унија дека е време за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан.

 

 

,,Време е за стратешки чекор на ЕУ кон Западниот Балкан. По долгата, па и маратонска евроинтеграција, заедничката географија, историја и култура треба да се заокружат со отворање на вратите за членство на балканските држави”, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Балканскиот форум за интеграција 2025, во Црна Гора.

 

 

 

Сиљановска-Давкова во Подгорица укажала дека пристапувањето мора да биде кредибилен процес заснован единствено на Копенхагенските критериуми, а Унијата мора да ги брани своите принципи и вредности. Двојните стандарди го комплицираат процесот и не смеат да се уважуваат.

 

 

Според неа, членството во ЕУ е најдобриот начин за отпорност на регионот на трети центри на моќ.

 

 

Сиљановска-Давкова нагласи дека во регионални рамки го надминуваме просекот на усогласеност со европското законодавство во сите шест кластери, стопроцентно сме усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и заслужуваме да бидеме охрабрени и да добиеме шанса за почеток на преговори.

 

 

Во дискусијата „Претседателите за ЕУ интеграциите – Имаме ли план?“, со којашто модерираше претседателот на Европското движење во Црна Гора, Момчило Радуловиќ, учествуваше и црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ.

 

 

 

Учесниците се заложија дека земјите на Западен Балкан мора стратешки и усогласено да пристапат кон справувањето со феноменот на „одливот на мозоци“.

 

Преходно Сиљановска-Давкова имаше средба со црногорскиот претседател Милатовиќ

 

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Традиционално пријателство, меѓусебна поддршка и заедничкa цел за членство во ЕУ

 

 

Најнови вести од: Македонија

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top