Македонија

Наместо спектакли, Арсовска да излезе со градежна инспекција на терен, вели Николоски

Министерството за транспорт и врски има надлежност да постапува само за градби од А категорија, а за градбите за кои говори секојдневно градоначалничката од Град Скопје надлежен е Градот, изјави попладнево министерот за транспорт и врски Александар Николоски одговарајќи на пратеничко прашање дали провериле што се случува во општина Чаир каде, според објавите на скопската […]

Министерството за транспорт и врски има надлежност да постапува само за градби од А категорија, а за градбите за кои говори секојдневно градоначалничката од Град Скопје надлежен е Градот, изјави попладнево министерот за транспорт и врски Александар Николоски одговарајќи на пратеничко прашање дали провериле што се случува во општина Чаир каде, според објавите на скопската градоначалничка, се градат дивоградби.

Николоски ги оцени настапите на градоначалничката Данела Арсовска како спектакли, посочувајќи дека како градска власт има право да постапи доколку се утврди дека одредени објекти се дивоградби.

  • Мислам дека е коректно да се информира јавноста дека целосна надлежност има градоначалникот на Град Скопје со соодветната градежна инспекција и наместо да се прават спектакли, нека излезат со градежна инспекција и нека утврдат. Доколку има дивоградби, истите треба да се срушат. Доколку не сака да ги сруши инвеститорот, треба градот да распише тендер за фирма за рушење и таа фирма да ги сруши, а потоа трошоците паѓаат на товар на оној кој бесправно градел. И да поднесе сооветна пријава до надлежното обвинителство и кривично да се одговара, а целокупниот имот доколку е изграден на земјиште на Република Македонија, затоа што има и такви индиции што се изнесуваат во јавноста, се конфискува. Како што сме сведоци ништо од ова нема направено градоначалникот на Град Скопје. Напротив секој ден спектакли во јавност, а ниедно од правните дејствија не се направени што може да не носи до други заклучоци дали позадината е мотвирана од политичката партија ДУИ и од одредени релации што градоначалничката ги има со високи функционери на ДУИ, рече Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик

По повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик, претседателката Сиљановска-Давкова упати свечена честитка до припадниците на турската заедница и до наставниците кои ја реализираат наставата на турски јазик во земјава.

Меџити: Денешниот Конгрес на ДУИ беше фарса и „Куклен театар“, без да се одреди кој треба да одговара за поразот на изборите!

„Денес видовме рециклирање стари имиња, кои Конгресниот театар на ДУИ се обиде да ги претстави со ново пакување, нарекувајќи го реформа процесот на центрифугирање. Но, испрана облека не е нова облека!“ – реагираше градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити во објавата на својот фејсбук-профил.

СПМ: Дрските предлози на ДУИ и Ахмети од позиции на великоалбанскиот шовинизам се насочени кон уривање на уставниот поредок и слабеење на државата!

„Социјалистичката партија на Македонија ѝ укажува на јавноста дека наместо унитарна ДУИ предлага нестабилна држава, во која малцинството ќе го подреди мнозинството и ќе предлага одлуки, што ќе ја блокираат државата, а се и против интересите за нејзин развој. Социјалистичката партија на Македонија се залага за правна и демократска држава на сите граѓани, согласно со Уставот и законите, што е веќе уредено и признато во меѓународни рамки. Секое барање надвор од тоа е против интересите на граѓаните, државата и на македонскиот народ, но и против системот. Тоа е надвор од законот и претставува и повод за институционална реакција!“ – наведува Социјалистичката партија на Македонија во својата жестока реакција кон предлозите и барањата на ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, изнесени на нивниот денешен конгрес, одржан во Скопје.

To top