Македонија

Џејла Рамовиќ со своја верзија за инцидентот во Кичево

Џејла Рамовиќ го крши молкот по кичевскиот инцидент и со мирна, но цврста порака ја затвора темата: „Јас и мојот бенд немавме никаква вина“.

Џејла Рамовиќ го крши молкот по кичевскиот инцидент и со мирна, но цврста порака ја затвора темата: „Јас и мојот бенд немавме никаква вина“.

Младата босанска ѕвезда, која во ноќта меѓу 29 и 30 ноември беше приведена заедно со целиот тим неколку минути пред крајот на настапот во Кичево, денеска објави дека целата потребна документација од нејзина страна била уредно подготвена и предадена на организаторот – според вообичаената процедура што ја следи секогаш кога настапува во Македонија.

„Сакам да нагласам дека од моја страна и од страна на мојот бенд, сите потребни документи и дозволи за настапот во Кичево беа правилно подготвени и доставени до организаторот, со целосната постапка што редовно ја следиме кога доаѓаме во Македонија. И покрај ова, настапот беше прекинат неколку минути пред крајот, наводно поради недостаток на работни дозволи, иако нашата документација беше целосно во ред. Жал ми е за непријатностите што ги доживеаја сите што дојдоа на мојот настап. Ситуацијата се појави од причини на кои не можев да влијаам на никаков начин, ниту пак е вина на мојот тим и мене“, стои во нејзината објава.

Рамовиќ посебно им се извини на фановите кои тој ден дојдоа да ја слушаат и порача дека инцидентот не остава никаква горчина кон Македонија.

„Македонија е земја што многу ја сакам и секогаш сакам да се враќам. Исто ќе биде и сега, бидејќи веќе се дружиме во петок во Скопје“, додаде таа со насмевка.

Со ова, приказната за кичевската ноќ добива нов епилог – вината ја презема организаторот, а Џејла и нејзиниот бенд излегуваат чисти пред публиката и пред законот. Во петок сцената во Скопје повторно ќе биде нејзина.

Приведена позната босанска пејачка во Кичево

Најнови вести од: Македонија

Ангелов со план за сезоната на пожари: Ги повика пензионираните полицајци и војници за битката со огнот

Стојанче Ангелов најави ангажман на пензионирани полицајци, војници и поранешни припадници на безбедносните сили, кои по обука ќе помогнат во справувањето со пожарите низ државата

М-НАВ: Апелација ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената одлука со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година. Веста денеска ја соопшти адвокатот Горан Николоски, правен застапник на Македонска навигација. Со оваа одлука, решението на Основниот граѓански суд Скопје стана правосилно, со што се оневозможува реализацијата на штрајкот кој предвидуваше ограничување на летовите и делумно затворање на македонскиот воздушен простор.

Владата на Македонија најавува шест автопати во исто време: ќе се градат Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани, Кичево-Охрид конечно пред целосно завршување!

Во втората половина од годинава во Република Македонија истовремено ќе се градат шест автопатски делници, најави Владата. Според плановите, кон крајот на овој месец или на почетокот на следниот ќе започнат градежните активности на втората делница од автопатот Скопје – Блаце, додека во септември или октомври се очекува старт и на изградбата на автопатот Кичево – Букојчани.

To top