Македонија

Слободни над 16.000 места во средните училишта, за кој смер има најголем интерес?!

Слободни над 16.000 места во средните училишта за упис. Од гимназиите велат портите се отворени за идните средношколци. Оние кои на првиот уписен рок не се запишаа, имаат втора можност преку второто електронско пријавување во понеделник. Од предвидените 28.000 места, во првиот упис се пријавени 16.601 ученик, а своето столче го обезбедиле 13.712 ученици. Од […]

Слободни над 16.000 места во средните училишта за упис. Од гимназиите велат портите се отворени за идните средношколци. Оние кои на првиот уписен рок не се запишаа, имаат втора можност преку второто електронско пријавување во понеделник. Од предвидените 28.000 места, во првиот упис се пријавени 16.601 ученик, а своето столче го обезбедиле 13.712 ученици. Од нив над 4.000 во гимназија, а над 9.000 во стручно образование, велат од Министерство за образование. Документацијата ќе се доставува на 1 јули, а конечните ранг листи со примени ученици ќе бидат објавени на 2 јули до 12 часот.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска апелираше за реално оценување на учениците и истакна дека новите законски измени предвидуваат наставничките совети повеќе да немаат можност за менување на оценки. Таа посочи дека успехот „со сите петки“ станал практика која го поткопува квалитетот на образованието.

Учениците кои нема да се запишат ниту во јунскиот рок ќе имаат последна шанса во август, кога електронското пријавување ќе се спроведе на 21 август, а конечните ранг-листи ќе бидат објавени следниот ден, на 22 август.

Најнови вести од: Македонија

Пркосот на масакрираната „Македонска сончева колона“ од Ваташа кон бугарските фашисти на 16.6.1943: Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!

На денешен ден, на 16 јуни 1943 година беше извршен Ваташкиот масакр, најголемото злосторство врз македонскиот народ за време на Втората светска војна во Македонија, покрај Дабничкиот колеж. Со намера да го спречи големиот подем на народно-ослободителното движење во Македонија, а сѐ во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста „Моклиште“ масакрира и стрела 12 Македонци од селото Ваташа на возраст од 15 до 27 години. Во пролетта 1943 година, по повеќе акции на партизанските одреди на Третата оперативна зона, три полка бугарска војска и одреди полиција, под команда на полковникот Апостолов, од 7 до 16 јуни 1943 година започнува со офанзива за уништување на партизаните. Но, откако доживува неуспех, се нафрла и на мирното население. Врвот на бугарските погроми над цивилното македонско население е ваташкиот масакр „во чест“ на роденденот на бугарскиот престолонаследник Симеон ІІ. Дали и кога ќе дојде бугарски претседател, или премиер, во Ваташа да клекне пред масакрираните Македонци и да побара прошка во име на бугарската држава и народ, како што стори германскиот канцелар Вили Брант на 7.12.1970 пред споменикот на Евреите од Варшавското гето во Варшава, стрелани од германските фашисти? Тој дождлив ден германскиот канцелар Брант беше клекнат на колена само 30 секунди, но во таа половина минута испиша ново поглавје во германската историја. Дали може и бугарски политичар да испише денес ваква нова страница, вакво нови поглавје во нивната бугарска национална историја, засебна од македонската историја? Па дури тогаш да започне вистинска, нова ера на вистински македонско-бугарски добрососедски односи со заемно разбирање, признавање и пријателство?

To top