Македонија

СДСМ директно со народот во Струга и Мороишта

Бихаќка на терен меѓу луѓето откако преходно најави дека на следните избори ќе победи

СДСМ објави дека вчера нејзини екипи биле на средби директно со народот во Струга и во селото Мороишта.

На средбите присуствуваат високите навионални и локални функционери на СДСМ.

,,Организацискиот секретар Љупчо Фармаковски заедно со претседателот на ОО СДСМ Струга, Димче Шипинкароски и секретарот Науме Климоски, на средби и разговори со граѓаните и членовите од Струга и село Мороишта”, стои во соопштението на СДСМ.

Според објавата партијата е директно со народот, со членството, на терен, меѓу луѓето.

,,Продолжуваме заедно”, стои во објавата на СДСМ.

Преходно Бихаќка тврдеше дека наскоро ќе дојде крајот на долгата низа изборни порази од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ објави дека партијата се враќала на победнички пат

Најнови вести од: Македонија

Николоски за ЕРНО: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10

Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.

„Ми дадовте можност да ја претставам нашата работа“ – Божиновска им се заблагодари на пратениците за интерпелацијата

Работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на расправа во Собранието, каде што на дневен ред е интерпелацијата поднесена од пратениците на Левица.

To top