Македонија

Цело раководство – од прв до последен си поднесе оставка, чистка во СДСМ

Туку што заврши состанокот на СДСМ. Лидерот на партијата Филипче кажа дека предлогот на состанокот на ИО му е прифатен и целото раководство на партијата ќе си поднесе оставка. Ваквата одлука доаѓа по анализата на поразот кој СДСМ го доживеа на локалните избори. Оставките треба да бидат усвоени на ЦК кој ќе се одржи пред Нова Година.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче кажа дека предлогот на состанокот на ИО му е прифатен и целото раководство на партијата ќе си поднесе оставка. Ваквата одлука доаѓа по анализата на поразот кој СДСМ го доживеа на локалните избори. На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки.

Оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до претседателот Филипче, кој го води процесот на внатрешни реформи во СДСМ.

  • „Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ“, велат од партијата.

На една од наредните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи избор за членови за органите на партијата а за функциите, како што велат од СДСМ, ќе се бираат најкомпетентни личности.

Најнови вести од: Македонија

Се продолжува кризната состојба за нафтата и нафтените деривати за уште шест месеци

Собранието претходно во два наврати ја продолжи кризната состојба откако беше воведена по случувањата на Блискиот Исток, кои доведоа до блокада на снабдувањето на меѓународните пазари со нафта и нафтени деривати.

(Видео): Евростат потврди дека цената на храната и пијалаците се најниски во регионот, премиерот рече дека сме исправени пред низа предизвици

Според премиерот, Владата изминатиот период работела на консолидирање на инфлацијата и затоа денес државата, особено во третиот квартал, има убедливо најниска стапка на инфлација во регионот и, како што додаде, можеби и во Европа.

To top