Македонија

За корупција во земјите од ЕУ – од 3 до 5 години затвор

За првпат законите на земјите од ЕУ ќе дефинираат подеднакво во сите сектори што претставува корупција и како таа треба да се казнува, изјави Советот на ЕУ по преговорите со Европскиот парламент

 

 

Земјите од Европската унија (ЕУ) постигнаа прелиминарен договор за минималните стандарди за земјите-членки да санкционираат корупциски дела во нивните кривични закони, соопшти Советот на ЕУ ренесе ДПА.

Новиот предлог-закон содржи и мерки за спречување на корупцијата и правила за поефикасна истрага и гонење.

Уапсена е Федерика Могерини, осомничена е за корупција и измама

За првпат законите на земјите од ЕУ ќе дефинираат подеднакво во сите сектори што претставува корупција и како таа треба да се казнува, изјави Советот на ЕУ по преговорите со Европскиот парламент (ЕП).

Низ ЕУ, митото во јавниот и приватниот сектор, проневера и попречување на правдата ќе се сметаат за криминална корупција.

Во иднина ќе има и униформни стандарди на однесување на јавните функции.

Прекршителите ќе се соочат со казни од три до пет години затвор, во зависност од делото. Исто така, ќе има униформни правила за тоа кога службениците виновни за корупција ќе ги загубат своите работни места.

За да се спречат таквите дела , секоја земја од ЕУ ќе формира центар за борба против корупцијата.

Земјите-членки, исто така, ќе евидентираат кои професии и индустрии се особено погодени од корупција.

 

Најнови вести од: Македонија

Федерацијата на планинарски спортови бара да се пронајдат виновниците, по скандалозното уништување на зимската маркација на планинарската патека Попова Шапка – Титов Врв

Дел од новопоставената опрема за зимска планинарска маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв, долга приближно 11 километри, е уништена, оштетена или отстранета, со што директно се за загрозува безбедоста на планинарите и го попречува локалниот развој, информираат од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија. Од Федерацијата велат дека повеќе од 45 од вкупно […]

ИНА: Од јануари-јуни 2025 Ахмети од ДУИ и Тачи од ДПА најпасивни во Собранието, немале никакви дискусии и не изнеле ниеден предлог!

„Податоците од платформата Pratenici.mk укажуваат на пратеници со многу ниско учество во парламентарните активности во првата половина од 2025 година. Лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на ДПА Мендух Тачи во тој период никогаш не се појавиле на дискусија во Собранието, не предложиле закон, или амандман, и не биле членови на ниту една парламентарна комисија. Ахмети учествувал само на три седници, додека Тачи на четири седници.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“.

„Револуционерни спомени“ на Ахмети: Во 1981 бев уапсен во Кичево и во затвор 60 дена, ама во мај 1984 УДБ-а не ме фати, иако ме опколи!

„Али Ахмети изнесе јавно признание за неговите апсења во текот на годините 1981-1982, за активноста на албанските студенти и влијанието на убиствата на Јусуф Гервала, Кадри Зека и Бардош Гервала врз албанското движење од тоа време.“ – пренесе весникот на албански јазик „Лајм“ од Скопје.

Зошто Османи ја лаже јавноста користејќи лажни вести на бугарски антимакедонист, прашува заменик спикерот

Лажната вест дека Македонија нема да добие бесплатен роаминг прв ја објваи бугарскиот портал Вестимак.мк кој на македонски јазик објавува антимакедонски статии. Овој портал го контролираат луѓе од Софија и Виктор Стојанов од бугарската фондација ,,Македонија”.

Најнови вести

To top