Македонија

Сиљановска-Давкова: Во бугарскиот устав нема Македонци, а бараат да внесеме во нашиот устав „дел од бугарскиот народ“?!

Во однос на барањето излезни решенија претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова посочи дека е доволно е да се фрли поглед на уставните гаранции во бугарскиот Устав и да се споредат со уставните гаранции во нашиот Устав, за да се види, како што нагласи, „огромна недоследност“. „Јас би била прва, што ќе бара уставни измени, ако правата на бугарското малцинство кај нас се загрозени. Меѓутоа не јас, туку телото, што го создаде Советот на Европа, а на чии одлуки се повикуваат и ЕК и Европскиот совет, тоа е Венецијанската комисија, јасно кажува дека ние немаме уставни проблеми во поглед на заштитата на правата на малцинствата, бидејќи сме ги вградиле во Уставот највисоките стандарди преку интегрирање на Рамковниот договор во Уставот, а тој е во преамбулата посочен за разлика од нашиот сосед.“ – укажа Сиљановска-Давкова.

На новинарско прашање во врска со протестите и политичките вриежи во Бугарија и како ќе се одрази тоа на односите со Македонија и нивните барања за уставни измени, претседателката на Република Македонија Сиљановска-Давкова одговори: „Се надевам дека да и таму ќе се решат проблемите. Важно е да има влада, која што ќе може да ги води работите во државата. Го чув и претседателот, којшто повикува на предвремени избори повторно. Тоа е бугарската реалност. Што се однесува до нас. Деновиве го чув  уште еднаш ставот на Европскиот Совет, поврзан со нас, односно за спроведувањето на устаните измени како услов за одржување на втората меѓувладина конференција.“

Мојата дилема е, рече Сиљановска-Давкова, колку е човечки, колку е политички вие да не можете да формирате културно здружение таму или на пописот да не сте набележани бидејќи на пописот не влегуваме како да има графа Македонци оти има графа Турци, има графа Роми, има графа Срби, нема Македонци, значи тие се под други, а ние да треба во преамбулата да внесеме не други, туку дел од бугарскиот народ.

-Уште еден податок којшто е многу важен и во Бугарија имаше попис во 2021 година. И таму на пописот 3500 луѓе декларирале дека им е мајчин јазик македонскиот, а како Македонци се изјасниле, така таму пишува, 1300 и не знам колку. Сега пазете значи, во одговорот на ЕКРИ, бугарските власти одговараат дека во прашање се граѓани кои се изјасниле како Македонци, под наводници е ставено тоа „Македонци“, и тоа незначителен број за да уживаат посебна заштита, посочи Сиљановска – Давкова.

Претседателката, исто така, упати и на предупредувањата на бугарскиот Хелсиншки комитет, којшто вели дека не требало пост мониторинг процесот за Бугарија да биде завршен, заради отворениот простор за непочитување на правата меѓу останатото, најмногу на македонското малцинство.

-Значи јас не можам да се апстрахирам од тоа. А кога зборувам и сум зборувала дека очекувам креативност од ЕУ, многу пати ја афирмирала креативноста, многу пати, кога била заинтересирана, но никогаш кога сме ние во прашање. Затоа мислев ако има Протокол 2 како извор на проблемите. Јас знам дека за протокол треба согласност од двајцата министри за надворешни работи, меѓутоа еве тоа беше едно од можните решенија. Исто така, бидејќи нам ни требаат гаранции. Досега, не сме имале гаранции и сега ние мора да се самозаштитиме, како што умно квалификувано оценува професорот Огнен Вангелов. Значи мораме да се самозаштитиме, истакна Сиљановска – Давкова.

Таа, исто така, потсети на изјвата на Антонио Кошта во Софија, каде ги спомена уставните измени, но рече мора да има гаранции.

-Тоа беше резултат на повеќекратните разговори со нас бидејќи ние сме претставници на оваа држава, мора да ги браниме нејзините интереси и да ги презентираме фактите, оти може и политиката да биде заснована на факти. Значи таа втора конференција меѓувладина има можност, на неа се носи една изјава еден акт, може и таму да се наведеше дека не може историја, култура, јазик, да бидат прашања за преговори и разговори, ниту да бидат услов. Бидејќи тоа ќе отвори нова пандорина кутија. Тоа е првото, подвлече Сиљановска Давкова.

Според Сиљановска Давкова, исто така, „не држи реториката дека Украина и Молдавија направиле фантастични промена во поглед на Копенхагенските критериуми, а ние после 20 години не сме исчекориле“. – И како професорка ќе кажам. Не е познато, ние не сме членка на ЕУ, значи ние сме кандидат. Да барате од некоја членка прво да смени Устав, за потоа да ги почне преговорите. Тоа навистина е многу чудно, бидејќи самата ЕУ во своите акти го гарантира почитувањето и на членот 4 на уставните и на политичките структури, изјави Сиљановска Давкова.

И, нагласи Сиљановска Давкова, сигурно е дека ние мораме да посегнеме по самоодбрана и тука очекувам јас некаква гаранција – правна и политичка.

-Да, точно е дека ние добивавме пораки, дека после изборите ќе седнеме, ќе разговараме. Јас затоа се изненадив од таа објава, новинарите што ја дадоа дека Европскиот Совет нели останува на тоа дека треба да се смени Уставот, па да почнат преговорите. И не знам јас кој политичар, дали претседател, дали премиер, дали претседател на Собрание, однапред може да гарантира дека ќе дојде до промена на Уставот. Пратениците, не не претставуваат нас, туку граѓаните. Тие гласаат по сопствено уверување. Значи прашањето е, каква е таа демократија ако однапред барате гаранција дека ќе дојде до промени. Јас има сериозен проблем со ова, истакна Сиљановска Давкова.

Сите бугарски влади досега имаа проблем со опстојувањето и ова што се случи со Владата на премиерот Росен Жељазков, некако влеа надеж кај сите дома, надвор, во ЕК, ама и кај нас соседите дека конечно има шанса за поголема стабилност, но го видовте тригерот беше гласањето за буџетот и сега сме соочени со проблеми, вели претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, посочувајќи дека „се разбира дека тоа секогаш се одразува на односот кон актуелните прашања, верувам и на прашањето кон нас“.

Најнови вести од: Македонија

Македонските аеродроми рангирани меѓу најбрзо растечките во Европа

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, продолжуваат да бележат рекордни нивоа на двоцифрен пораст на бројот на патници. Во првите пет месеци од 2026 година, во периодот јануари – мај, двата македонски аеродроми опслужија 31,2% повеќе патници отколку во истиот период во 2025 година, или вкупно 1,6 милиони патници (1.580.932), додека […]

Жена и маж завршија под автомобил на „дивиот пешачки премин“ кај Бит Пазар (ВИДЕО)

Граѓаните бараат преминот конечно да биде легализиран и соодветно обележан со бели линии, вертикална сигнализација и семафори, со цел да се намали ризикот од нови сообраќајни незгоди и да се зголеми безбедноста на пешаците

Со камери ќе се „ловат“ уништувачите на детски игралишта и урбана опрема (ВИДЕО)

Локалните власти се одлучија на овој чекор по зачестените појави на вандализам, каде новоизградените содржини за најмладите и за рекреативците редовно се на мета на несовесни граѓани

Стојаноски: Патот кон не смее да зависи од нови билатерални условувања

Ставот на државата останува непроменет дека нема да се прифатат нови отстапки без цврсти и писмени гаранции од Европскиот совет дека тоа ќе биде последното барање во евроинтегративниот процес

Алиу: Дигиталното здравство не е цел за себе, туку инструмент за подобра грижа

Следните чекори што ги презема Министерството за здравство се дигитализирани патеки за лекување, приоритетно упатување и тријажа, развој на мултидисциплинарни тимови што ја поврзуваат примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита, како и пилот-проектот за теледерматологија, кој има за цел да ги доближи специјалистичките услуги до пациентите во руралните и оддалечените области

To top