Македонија

Ние како мнозинство немаме од што да бегаме, ќе се расчистат сите прашања поврзани со трагедијата во Кочани, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека никој нема да лови политички поени на трагедиите

Сакам да известам јавноста дека денеска на Собраниска седмица со 84 гласови „за“ беше донесена одлука за формирање на анкетна комисија која што ќе треба да ги опфати сите оние немили случаи и трагедии кои што однесува 138 човечки животи, меѓу кои што се и модуларната клиника во Тетово, автобуските несреќи кај Ласкарци и во Бугарија, но и како трагедијата која што го потресе целиот народ, пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, рече на прес конференција во Собранието пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „Твоја Македонија” Бојан Стојаноски.

– Со ова, сакаме да укажеме дека како мнозинство, ние практично сме први кои што сакаат овие случаи да се расчистат. Одговорноста, дали законска, дали политичка, го стигне секој оној кој што бил виновен за случувањето на овие трагедии.

Она кое што е важно и би сакал да го истакнам, е дека со ова, успеавме да ја прекинеме политичката игра на некрофилство во која што беа западнати СДСМ и Левица сакајки да добијат политички поени од едни вакви трагедии.

Навистина е неразбирливо за нас, да се соопштува ставот дека ние сме изгласале нешто кое што ќе ја затскрие правдата, кога напротив, повторувам, отвораме можност за сите оние големи трагедии да се продискутира во Собранието и секој еден кој што е засегнат да дојде, да постави прашање, да соопшти мислење и да го на крај најдеме одговорот на сите прашања кои што ги имаат граѓаните.

Илузорно и лицемерно е луѓе кои што беа архитекти на системот во изминатите години сега да укажуваат дека некој сакал да направи контрапротест или протест и користење на такви зборови кои што се недозволиви за едни вакви трагедии.

И паралелно со ова би сакал да кажам дека ние од првиот ден на ваквата трагедија ги повикуваме сите надлежни институции да се вложат во расчистувањето на овој случај, да нема затскривање, како што имаше во времето кога државата ја управува СДСМ и ДУИ, кога се закажува анкетни комисии, а истите тие не присуствува и не правеа кворум. И за таа цел го повикавме и претседателот на политичката партија Левица, но и сите други пратенички групи, да најдеме нов датум за она седница која што треба да се случи на 9-ти декември, да одлучиме сите заедно кога до крајот на годината таа седница би требала да биде одржана за да можат да присуствуваат сите тие кои што се поканети, меѓу кои и премиерот на Република Македонија.

Уште еднаш кажувам, ние како мнозинство и како политичка партија апсолутно немаме од што да бегаме.

Тука сме да ги расчистиме сите од оние прашања кои што ги имаат и родителите, како и на загинатите од Кочани, но и на сите претходни трагедии и веруваме дека преку една ваква сеопфатна анкетна комисија ќе можеме да дојдеме до одговорот на сите прашања кои што се поставени во општеството – рече Стојаноски.

Најнови вести од: Македонија

Македонија има огромен ИКТ потенцијал, компаниите да помогнат во дигиталната трансформација на земјата

Владата одлучи да се потпре на приватниот сектор во процесот на дигитализацијата и сега двете страни треба заедно да градат проекти кои ќе значат реализација дома, но и извоз на продуктите. Според претседателот на МАСИТ, ИКТ индустријата учествува со 4,5 отсто во националниот БДП на Македонија што е 1,65 милијарди евра годишен приход. Секторот брои над 3 000 компании со над 25 000 вработени, чија просечна бруто плата надминува 2 500 евра.

За економски напредок е неопходна синергија помеѓу образованието и индустријата

Темата на конференцијата „Recode Reality“ претставува повик да се преобликува улогата на технологијата: не само како алатка, туку како двигател на економски, институционални и општествени промени – како сила што ја моделира иднината.

Сиљановска-Давкова: Во бугарскиот устав нема Македонци, а бараат да внесеме во нашиот устав „дел од бугарскиот народ“?!

Во однос на барањето излезни решенија претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова посочи дека е доволно е да се фрли поглед на уставните гаранции во бугарскиот Устав и да се споредат со уставните гаранции во нашиот Устав, за да се види, како што нагласи, „огромна недоследност“. „Јас би била прва, што ќе бара уставни измени, ако правата на бугарското малцинство кај нас се загрозени. Меѓутоа не јас, туку телото, што го создаде Советот на Европа, а на чии одлуки се повикуваат и ЕК и Европскиот совет, тоа е Венецијанската комисија, јасно кажува дека ние немаме уставни проблеми во поглед на заштитата на правата на малцинствата, бидејќи сме ги вградиле во Уставот највисоките стандарди преку интегрирање на Рамковниот договор во Уставот, а тој е во преамбулата посочен за разлика од нашиот сосед.“ – укажа Сиљановска-Давкова.

To top