Македонија

Трипуновски откри: Фирма од Струмица зела 20 милиони субвенции без да обработува ни декар

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето на ТВ21 најави дека ќе има целосна одговорност за сите утврдени злоупотреби со државното земјоделско земјиште и стоковите резерви од минатото.

mk.tv21.tv

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето на ТВ21 најави дека ќе има целосна одговорност за сите утврдени злоупотреби со државното земјоделско земјиште и стоковите резерви од минатото.

„Во изминатава година и половина, освен враќањето на македонското земјоделство во нормала, интензивно работиме и на откривање на злоупотреби. Јас лично поднесов повеќе од шест кривични пријави против поранешни функционери во Министерството. Станува збор за народни пари и секој случај мора да добие епилог“, порача Трипуновски.

Како еден од највпечатливите примери тој ја издвои струмичката фирма која склучила над 19 договори за државно земјиште:

„Управителот бил под 40 години, па бил ослободен од закупнина. Намерно понудил нереално висока цена за да ја елиминира конкуренцијата. На терен утврдивме дека земјиштето во најголем дел не се обработува, дел се давало под закуп на трети лица – спротивно на Законот – а фирмата земала над 20 милиони денари субвенции. Се обврзала на инвестиција од 2,5 милиони евра, а речиси ништо не реализирала.“

Втор случај е субјект со раскинат договор кој продолжил да користи земјиште и да зема субвенции, бидејќи надлежните не ги известиле Катастарот и Платежната агенција.

Министерот ги спомна и злоупотребите со стоковите резерви:

„Од опозиција алармиравме дека се случуваат нерегуларности. Сега гледаме дека се отпишани над 1.500 тони пченица и 500 тони јачмен. Очекувам Јавното обвинителство темелно да ја истражи постапката и да утврди одговорност.“

Трипуновски најави дека новата влада веќе ги промени правилата – стоковите резерви од оваа година се полнат исклучиво од домашно производство.

„Никој не смее да биде над законот. Ги охрабрувам обвинителството и судовите да постапат по сите пријави што ги поднесов и по случајот со резервите“, порача министерот.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top